Владата донесе одлука за понатамошно замрзнување на ценит на основните производи и ги замрзна цените јајцата и оризот, со што нивото на нивните највисоки цени треба да останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Овие цени треба да важат до 30 април 2023 година.
Тој додаде дека трговците кои се регистрирани за вршење на трговска дејност имаат обврска редовно да прибавуваат и да продаваат свежи јајца во количини што редовно се прибавуваме во јануари и февруари 2023 година.
„Во изминатиот период утврдивме значаен пораст на цените на ориз и јајца како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи. За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цела да се спречи евентуален дис баланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што се набавувала во јануари и февруари 2023 година“, изјави Ковачевски.
Видете и ова: Со замрзнувањето на цените заштеда од 200 денари месечноПросечната цена на јајцата на 15 март изнесувала околу 8,5 денари, а најскапото чинело 9,8 денари зависно од пакувањето, амбалажата и трошоците што ги имале компаниите, ијави министерот за економија Крешник Бектеши.
„Многу е важно да се нагласи дека е зголемена побарувачката за производоството на јајца од државава особено од нашите соседи каде што цените се движат од 14 до 20 центи и нагоре. Тоа значи дека ако се дозволи целосен извоз повеќето заради економски интерес би можеле да го насочат целото произвдоство во соседните држави“, рече Бектеши.
На денешната седница на Владата е разговарано и за евентуално за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, а анализите што ги направило Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство треба да се достават до Министерството за економија и до Кабинетот на премиерот.
Видете и ова: Половина од јавниот сектор на минималецПретходно имаше и други мерки за замрзнување на цените, како на пример на тестенините и млечните производи.
Претходно, владата ја замрзна и цената на белиот леб и полубелиот леб до 33 денари. Одлуката за замрзнати цени ќе важи до 31 мај.
На денешната седница на Владата е разговарано и за евентуално за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, а анализите што ги направило Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство треба да се достават до Министерството за економија и до Кабинетот на премиерот.