Актуелниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и кандидатот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ одат во вториот круг на претседателските избори, што ќе се одржи на 2 април, покажуваат прелиминарните податоци кои ги објави Центарот за мониторинг и истражување, врз основа на скоро 99 отсто обработени гласачки ливчиња.
Во првиот круг, што се одржа денеска, ниеден од кандидатите за претседател на Црна Гора не освои над половина од гласовите на излезените избирачи.
Ѓукановиќ освои околу 35 отсто од гласовите, додека Милатовиќ околу 29 отсто.
Видете и ова: Кои се кандидатите за претседател на Црна Гора?Андрија Мандиќ од Демократскиот фронт освои околу 19 отсто од гласовите, а Алекса Бечиќ од Демократска Црна Гора околу 11 проценти. Останатите тројца кандидати освоија по помалку од 3 отсто.
Во вториот круг одат двајцата кандидати со најмногу гласови во првиот круг.
На гласање излегоа околу 64 проценти од регистрираните избирачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија.