Заедничкиот состанок на кој учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и претставници на Европската унија (ЕУ) почна во Охрид.
Видете и ова: Србија и Косово се договорија за спроведување на договорот за нормализацијаПретходно, шефот за надворешна политика на ЕУ и пратеникот на Унијата за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти.
Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ.