Достапни линкови

Србија и Косово се договорија за спроведување на договорот за нормализација


Loop sredba.mp4

Лидерите на Србија и на Косово, Вучиќ и Курти во Вилата Билјана во Охрид се договорија за спроведување на анексот на договорот за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ. Договорот поздравен и од специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар

Шефот на дипломатијата на Европската унија Јосеп Борел изјави дека по 12 часа разговори во Охрид Косово и Србија постигнале договор за европскиот предлог.

„Косово и Србија се договорија за спроведување на анексот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу нив“, рече тој, мислејќи на европскиот предлог што двете страни го прифатија на 27 февруари во Брисел.

„Често се вели дека ѓаволот е во деталите, но некогаш е и во календарот“, додаде Борел.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека дека е „постигнат некаков договор“. Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни, и за Белград и за Приштина“, рече Вучиќ.

Договорено е во рок од 30 дена да се формира заедничка мониторинг комисија со која ќе претседава ЕУ“, рече Вучиќ и додаде: „Договорено е и веднаш да започне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство“.

Во изјава за новинарите тој рече дека ништо не потпишал. „Овие неколку точки за кои се договоривме ќе бидат дел од преговарачката рамка за двете страни, и за Белград и за Приштина. Европскиот совет ќе донесе одлука таа да стане дел од преговарачката одлука“, рече претседателот на Србија.

Ескобар - Средбата на Вучиќ и Курти е историска шанса
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска беа вперени кон Охрид, оценува високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

На негова иницијатива на 18 март во Охрид се одржа средба на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на косовскиот премиер Албин Курти во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу двете страни, под покровителство на Европската унија и со поддршка на Соединетите Американски Држави.

Борел е придружуван од специјалниот пратеник за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, а на средбите е и американскиот дипломат за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„По интензивната шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина, со претседателот на Србија и Албин Курти ќе разговараме за имплементацијата на анексот - составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите“, напиша Борел на Твитер пред средбата.

Албанскиот премиер Албин Курти по средбата со лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети во Охрид, рече дека сè додека нема готов текст, не може да има завршување на разговорите, а додека тие не завршат не може да има договор.

„Јас сум тука за принципиелен, отворен, сериозен дијалог кој треба да резултира со договор, а договор значи конечен и договорен текст. Не дојдов тука за разговори за разговори, туку на разговори за договори“, рече Курти.

Косовскиот премиер Албин Курти во Охрид
Косовскиот премиер Албин Курти во Охрид

Разговорите се продолжение на дискусијата од 27 февруари во Брисел на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите меѓу двете земји.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм му се заблагодари на, како што напиша „мојот пријател Димитар Ковачевски за тоа што како добар домаќин сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот“.

Вучиќ на 16 март изјави дека „не планира ништо да потпише“.

Вучиќ и Курти имаа одвоени средби со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Ковачевски ги охрабрува Вучиќ и Курти да бидат конструктивни и да имаат продуктивен ден, иако, како што вели, дијалогот значи и отстапки.

„Сите правиме тешки, но државнички одлуки, никому не му е лесно, дијалог значи е отстапки, но тоа е за подобра иднина на следните генерации“, рече Ковачевски.

Ковачевски имаше прес-конференција додека во вилата Билјана течат состаноците.

Позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани, порача претседателот Стево Пендаровски, во врска со средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти.

Премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ за време на дијалогот Белград - Приштина во Охрид, 18 март 2023
Премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ за време на дијалогот Белград - Приштина во Охрид, 18 март 2023

За текот на разговорите и очекувањата од нив, Пендаровски рече дека не може да даде каква било проценка бидејќи, како што рече „не сме дел од преговорите, туку само домаќини“.

„Имав средби со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти, но само се поздравив со нив и им посакав успешна работа. Тоа кажувам, не можам да знам, бидејќи не сум на маса на преговорите. Македонија е само домаќин и ве уверувам дека ќе бидеме одлични домаќини. Претпоставувам дека тоа макар малку може да придонесе за позитивен исход од овие разговори“, рече Пендаровски.


Договорот што го предлага ЕУ, има силна поддршка од САД. На средбите во Охрид присуствува и Ескобар. Тој пред почетокот на средбите во Охрид, за косовскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), рече дека не се фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот.

„Нашето најголемо очекување денес е финализирање на имплементацијата на анексот на договорот за нормализација“, рече Ескобар.

На средбата во Охрид, Вучиќ и Курти треба да се усогласат за анексот на договорот што го предлага Европската унија, кој се однесува на спроведување на договорот за нормализирање на односите меѓу двете страни.

Договорот познат и како француски или француско-германски план, бидејќи го формулираа советници на германскиот канцелар и на францускиот претседател, Јенс Платнер и Емануел Бон и го претставија на Вучиќ и Курти, во септември лани.
Планот, чија првобитна верзија во меѓувреме беше модифицирана, ЕУ го усвои во декември.

Извештајот за преговорите меѓу Вучиќ и Курти ќе биде разгледан од Европскиот совет на состаноците на 23 и 24 март.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG