Вархеји - Работиме напорно да го исполниме ветувањето Западен Балкан да влезе во ЕУ

Економски форум во Скопје

Европската унија (ЕУ) работи напорно да му помогне на Западне Балкан за да може да се исполни ветувањето регионот да влезе во ЕУ, рече еврокомесарот Оливер Вархеји во видео-обраќањето на Вториот економски форум во Скопје. Тој вели дека Балканот може да смета за поддршката од ЕУ со нови можности за бизниси и граѓани.

Економскиот форум е в организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација.

Еврокомесарот во говорот се осврна на економската поддршка за регионот посочувајќи на економскиот план за инвестиции што беше лансиран пред две години во рамки на кој досега се усвоени 40 водечки проекти – грантови во вредност од 1,8 милијарди евра.

Видете и ова: Ескобар: Борбата против корупцијата треба да ја водат домашните институции

„Овие проекти влијаат врз растот, забрзувањето на соработката меѓу Западен Балкан и ЕУ и треба да ги подобрат транспортната, дигиталната и енергетската поврзаност со ЕУ. Овие инвестиции ќе го поттурнат регионот напред со креирање на работни места и раст“, рече Вархеј.

Форумот го отвори премиерот Димитар Ковачевски, а најавено е учество на повеќе политичари меѓу кои и премиерите на Косово и Црна Гора, Албин Курти и Дритан Абазовиќ.