Обоена улицата пред руската амбасада во Лондон во боите на украинското знаме

Протест на група активисти пред портите на руската амбасада во Лондон

Група активисти истурија стотици литри жолта и сина боја на патот пред портите на руската амбасада во Лондон на 23 февруари за да создадат огромно украинско знаме. Овој потег доаѓа во пресрет на одбележувањето на една година од инвазијата на Москва врз Украина.

Групата активисти го стопираше сообраќајот за да ослободи простор на кој истури над 300 литри боја по што низ патот со употреба на колички и четки го обои знамето на 500 квадратни метри. Лондонската полиција соопшти дека тројца мажи и една жена биле уапсени под сомнение за кривична штета и попречување на сообраќајот на автопатот.

„Украина е независна држава и народ со право на самоопределување, а поставувањето на големото украинско знаме надвор пред руската амбасада во Лондон ќе служи да го потсети рускиот претседател Владимир Путин на тоа, “, се вели во изјавата на групата.

Видете и ова: Нобеловката за мир порачува: Трибунал за Путин и правда за жртвите

Москва вели дека нејзината , специјална операција како што ја нарекува инвазијата била оправдана од загриженоста за нејзината безбедност.