Односите меѓу Русија и Молдавија се многу напнати, соопшти Кремљ обвинувајќи ги молдавските лидери дека спроведуваат антируска агенда, седум дена откако Кишињев објави дека спречил руски обид за пуч.
Парламентот на Молдавија минатата недела ја одобри новата прозападна влада, откако членовите на претходната администрација масовно поднесоа оставки по неколкумесечните политички и економски скандали.
Новата влада, предводена од премиерот Дорин Ресеан, вети дека ќе следи проевропски пат и повика на демилитаризација на Придњестровје - сепаратистички регион поддржан од Москва, кој граничи со Украина.
Видете и ова: Бајден ненајавено во Киев пред годишнината од војнатаПортпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија се однесува „одговорно“ во однос на мировните сили што ги стационира во отцепениот регион и ја предупреди Молдавија дополнително да не ја разгорува ситуацијата.
Нашите односи со Молдавија се веќе многу напнати“, изјави Песков за новинарите.
„Раководството секогаш се фокусира на се што е антируско, тие се лизгаат во антируска хистерија“, додаде тој.
Молдавската претседателка Маја Санду, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно овој месец рекоа дека имаат разузнавачки информации кои сугерираат дека Русија планира државен удар за да ја „собори“ молдавската влада.
Видете и ова: Борел – Украина има артилерија, мора да ѝ обезбедиме муницијаРусија ги негира овие тврдења, но се спротивставува на идејата Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и членка на НАТО, да се приклучи на Европската унија.
Ден претходно неколку илјади луѓе протестираа во главниот град на Молдавија, Кишињев, против претседателката Маја Санду и прозападната влада во земјата. Според извештаите, голем дел од насобраните биле приврзаници на проруската партија Молдавски брег.
Протестот дојде неколку дена откако Санду и украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно проговорија за наводниот план на Русија да изврши државен удар во Молдавија, маскиран од протестите на опозицијата во Кишињев.