Сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вели Марко Бислимоски во денешното гостување на ТВ24. Таква евентуална промена би се случила на 1 јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги.
„Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто. Го анализираме и фактот што имаме голем број изградени фотоволтаици кои се главно изградени на големите компании. И третиот момент е што цената на електрична енергија кога произведуваат фотоволтаиците е поевтина отколку во останатиот дел од денот. Тој тренд во лето ќе продолжи па и тој елемент го анализираме“, рече Бислимовски.
Според него, сега во периодот кога беше најскапа електричната енергија поради фотоволтаиците имаме најевтина струја. Ако пресметките покажат дека е можно, ќе се врати дневната евтина струја, рече тој.
„Од тоа најголема придобивка ќе имаат пензионерите кои се дома и кои многу внимаваат на тоа како се троши струјата а освен тоа најредовно ги плаќаа сметките во време на ковид-пандемијата и ја одржуваа ликвидноста на ЕСМ“, наведува Бислимоски.
Тој дополнува дека евтината струја преку ден го чинеше ЕСМ го чинеше 16 милиони евра годишно.
Евтина струја во моментов има од 22 часот до 7 наутро. На почетокот на 2022 година беше укината евтината струја од 13 до 15 часот.
Евтината струја преку ден беше укината во 2012, но беше вратена кон крајот на 2017, за од почетокот на 2022 година повторно да ја укинат поради енергетската криза.
Регулаторната комисија за енергетика се пофали дека минатата година издала рекорден број лиценци за производство на струја од соларни централи со вкупен инсталиран капацитет од 150 мегавати, што е повеќе од целата термоцентрала ТЕЦ Осломеј. Струјата од сончеви централи се произведува само преку ден.