Пописот на населението во Црна Гора ќе се одржи од 1 до 15 ноември, одлучи денеска владата. Министерот за финансии Александар Дамјановиќ изјави дека периодот во кој ќе се прави пописот е според препораката на Обединетите нации за пописот, која предвидува тој да не се совпаѓа со изборната кампања.
Пописот требаше да се спроведе во 2021 година, но беше одложен поради претходната промена на државната администрација и проблемите со пандемијата на корона вирусот.
Видете и ова: Македонија со најголем пад, Црна Гора со најголем раст на реалните плати во регионотЗаконот предвидува дека пописот ќе ги опфати црногорските државјани со живеалиште во Црна Гора, без разлика дали се присутни во местото на живеење или привремено престојуваат на друго место или во друга земја, како и странци кои одобриле постојан или привремен престој.
Податоците што ќе се собираат ќе се однесуваат на полот, брачната состојба, социјалната, образовната и материјалната состојба, вработеноста, како и податоците за државјанството, националната и етничката припадност, верската определба и мајчиниот јазик.
Последниот попис во Црна Гора е одржан во 2011 година, кога 45 отсто од граѓаните се изјасниле дека се Црногорци, а речиси 29 отсто како Срби.