Дојави за бомби во 18 скопски училишта

Илустративна фотографија

Поради дојави за поставени експлозивни направи и денеска се евакуираа учениците и персоналот во 18 основни и средни училишта во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки.

„Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа“, информираа од МВР.

Видете и ова: Вајсмeн: Северна Македонија секогаш беше цел на хибридни напади од Русија

Дојави за бомби имаше и вчера, на електронските адреси на 12 средни училишта, неколку трговски центри, МРТВ и Транспортниот центар, но и завчера кога на мета беа 33 основни училишта во Скопје. Проверките на полицијата покажаа дека се работело за лажни дојави.

Инаку, вакви дојави почнаа да стигнуваат лани во октомври, прво во училишта, а потоа и во трговски центри, станбени згради но и стратешки објекти како МНР, Железница, Аеродромот.

Според надлежните тие се дел од хибридна војна и трагите на оние што ги испраќаат тешко се следат. Сепак во меѓувреме за одделни дојави беа приведени неколку лица, меѓу кои и малолетници, како и лице со нарушена здравствена состојба.

Видете и ова: Заканите хибридни, осомничените домашни