Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека на вонредниот состанок на Европскиот совет, денеска и утре во Брисел, ќе го отвори прашањето за, како што рече, зголемената агресија и антибугарската кампања која, според него, се води во Македонија. Тој додаде дека ќе побара од ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантира почитувањето на правата на македонските Бугари.
Видете и ова: Бугарското МНР- Однесувањето на македонските власти е понижувачко и неприфатливо за бугарскиот народ„Очекувам категорична и институционална реакција од властите во Македонија и итни активности за откривање на сторителите. За жал, во моментов не гледам политичка волја и има неусогласеност меѓу политичките амбиции и заложби на РСМ и реалноста во која живеат македонските Бугари таму. Негирањето на постоењето на овие проблеми само го одложува решението, доведува до чувство на неказнивост, а само стимулира злосторства од омраза“, рече Радев.
Видете и ова: МВР: Приведени неколку лица за оштетувањето на македонскиот клуб во БлагоевградОдносите меѓу Македонија и Бугарија се напнати во изминатите над две години, откако Софија започна со блокада на македонските евроинтеграции во 2019 година. Блокадата делумно се надмина летоска и преговорите на земјава со ЕУ почнаа, но Бугарија го условува отворањето на поглавјата со внесување на Бугарите во македонскиот Устав, за што во моментов го нема потребното двотретинско мнозинство. Нова есклација имаше изминативе недели, кога група Бугари во Скопје, ја славеа Мара Бунева и скандираа дека Македонија е бугарска, а на 19 јануари беше претепан Пендиков. Бугарските власти во инцидентот видоа злосторство од омраза и напад врз Бугарите во Македонија.
Видете и ова: Тензично одбележан роденденот на Гоце ДелчевСо силно полициско обезбедување помина и одбележувањето на 151 годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, на 4 февруари. Бугарската делегација положи цвеќе на гробот, а организирана група на бугарски државјани кои му се оддадат почит со часови чекаа на граница за да влезат на македонска територија, при што некои се вратија назад. Тројца од Бугарите беа приведени на границата за нарушување на јавниот ред и мир.