Последните случувања во македонско - бугарските односи влијаат и врз работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, смета нејзиниот копретседател Драги Ѓоргиев. Според него, се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период. Тој оценува дека има тенденција да се нарушува континуитетот на мирните периоди во македонско-бугарските односи.
Видете и ова: Македонското МНР со демант до бугарското, не договоривме заедничко чествување на Гоце Делчев„Очигледно на некого тоа му е потребно и кога ќе трае некој извесен период, тие мирни и добри односи и ќе тргне работата во вистинска насока, се случуваат инциденти, кои очигледно имајќи ја предвид историјата на претходните инциденти, се прават смислено со однапред режирано сценарио. И ова мислам ќе деескалира, ќе се смири ситуацијата, но повторно постојат сили, кои нема да ме изненади, после два месеци, да се случи истото по било кој повод “, изјави Ѓоргиев за „Гласот на Америка“.
Видете и ова: Тензично одбележан роденденот на Гоце ДелчевЗа тоа дали може да се дојде до решение за Гоце Делчев, тој наведува дека за таа тема речиси и да не се дискутира сериозно во поседната година. „Идејата на заедничко чествување на било која личност не само на Гоце Делчев се базира на тоа уште повеќе да ги смири и релаксира односите меѓу двете држави, да придонесе кон подобро сфаќање на двата народи и на двете општества. Во овој момент ситуацијата мислам дека не е таква, која ќе овозможи било какво решение на Комисијата, кое ќе придонесе уште повеќе да се смират односите и да тргнат во вистински правец. Така што мора политичката ситуација, политичките односи меѓу двете држави да бидат на едно високо ниво со цел и Комисијата да постигне одреден напредок, пред се во однос на тие чувствителни теми како што е Гоце Делчев“, вели Ѓоргиев. Следната средба на заедничката Комисија за историски и образовни прашања е закажана на 16 и 17 февруари во Софија.