Вкупно 30 илјади украински војници ќе бидат обучувани во ЕУ

Украинските војници стојат на оклопен транспортер пред да одат на фронтот во регионот Доњецк, Украина, 28 јануари 2023 година.

Земјите-членки на Европска Унија ќе обучат дополнителни 15.000 украински војници, со што вкупниот број војници, кои ќе поминат обука ќе се искачи на 30.000, соопштија неименувани извори од ЕУ, пренесува ДПА.

Постоечката мисија за обука почна во ноември минатата година и има за цел да обезбеди индивидуална, колективна и специјализирана обука на вооружените сили на Украина., се наведува во соопштението.

Мисијата има за цел да и помогне на украинската армија да ја одбрани својата територија и да го заштити цивилното население, а почна како одговор на украинското барање по руската инвазија.

Видете и ова: Мрежата на руски Вагнер на Балканот

Зголемувањето на бројот на војници кои ќе се обучуваат се очекува официјално да го објават претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за време на средбата со украинските лидери во текот на неделата.

На 3 февруари се одржува Самит ЕУ-Украина.

Во рамки на мисијата, украински војници ќе се обучуваат во Полска, Германија и во други земји од ЕУ.