Данска го подигна нивото на тревога за сајбер ризик по руските напади

илустрација

Данска денеска го подигна нивото на тревога за сајбер безбедност од „средно“ на „високо“ по неколку напади од проруски хакерски групи во последните недели, соопшти тамошниот Центар за сајбер безбедност. „Нивото на ризик се подигнува поради високата активност на проруските сајбер активисти, кои вршат многу напади врз цели во широк опсег земји на НАТО“, се вели во соопштението на центарот. Веб-страниците на неколку институции и компании во Данска, вклучително и централната банка, комерцијалните банки, министерствата и војската, во изминатиот месец се повеќе беа цел на т.н. обид да бидат исфрлени офлајн.

Видете и ова: Вајсмeн: Северна Македонија секогаш беше цел на хибридни напади од Русија

Проруските хакерски групи на Телеграм ја презедоа одговорноста за некои од неодамнешните напади врз данските институции. Москва постојано негира дека врши хакерски операции. Хакерите станаа подобри во планирањето и извршувањето на нивните напади, давајќи им поголема „ударна моќ“, наведе Центарот, додавајќи дека очекува да има уште такви напади во иднина. Хакерите се „водени од идеолошки или политички мотиви“, што ја зголемува веројатноста за напади како одговор на изолирани инциденти како што се палењето на Куранот пред турските амбасади во Стокхолм и Копенхаген, соопшти Центарот.