Кина денеска почнува повторно да издава визи за јапонските патници по тринеделната суспензија како протест поради построгите услови за влез на кинески туристи во Јапонија како дел од мерките против ширењето на коронавирус.
Кинеските власти на 10 јануари соопштија дека престанале да им издаваат визи на патниците од Јапонија поради барањето на Токио кинеските туристи да мора да имаат негативен тест на коронавирус за влез во Јапонија.
Барањето беше објавени кон крајот на декември во пресрет на Кинеската нова година.
Јапонија наведе дека порастот на случаи на коронавирус во Кина, откако ги ублажи мерките за борба против ширењето, како и штурото известување за вистинскиот број заразени, беа причини за воведувањето построги услови за влез на туристите.
Кина исто така прекина да им издава визи на Јужнокорејците, откако Сеул на почетокот на јануари воведе исти мерки за патниците од Кина.
Јужна Кореја минатиот петок соопшти дека мерката ќе остане во сила до крајот на февруари поради загриженост дека ширењето на коронавирусот во Кина може да се влоши поради честите патувања за прославата на Кинеска нова година.