Претседателот на Државната дума, Вјечеслав Володин, денеска го поддржа предлогот на основачот на платеничката група Вагнер, која учествува во војната во Украина, да се смета за кривично дело јавното критикување на борците или објавувањето негативни извештаи за нив.
Евгениј Пригожин го упати ова барање во писмо до Вјачеслав Володин, претседателот на Долниот дом на Федералното собрание на Руската Федерација, велејќи дека сака до пет години затвор за секој што ги дискредитира неговите луѓе.
Како што јави агенцијата Ројтерс, Володин во средата им наредил на своите вработени итно да ја истражат можноста за промена на кривичниот законик.
Брзиот и позитивен одговор од близок соработник на претседателот Владимир Путин е последниот знак дека Пригожин, поранешен продавач на хот-дог и осуденик, го користи напредокот на своите борци на бојното поле во Украина за да го прошири своето политичко влијание, наведува Ројтерс.
Видете и ова: Пригожин и пиша на Белата куќа: Какво злосторство извршила Вагнер?Во друг знак на поддршка минатата недела, висок руски политичар објави слика од себе како држи чекан што му го дал Вагнер, алатка која групата ја усвои како симбол откако го уби нивниот поранешен борец кој и се предаде на украинската страна.
Пригожин побара од парламентот да ги криминализира сите дејствија што ги дискредитираат неговите борци - вклучително и осудениците регрутирани со ветување за помилување по шест месеци, дури и ако првично биле осудени на доживотен затвор.
Соединетите Американски Држави проценуваат дека Вагнер регрутирал околу 40.000 осуденици.
Тој, исто така, побара забрана за откривање во јавноста на криминалното минато на осудените борци, по медиумските извештаи кои се фокусираа на тоа како службата на Вагнер ја обезбедила нивната слобода.
Во парламентарното соопштение, објавено како одговор на писмото на Пригожин, се вели дека „сите оние кои ја бранат нашата земја - војници, доброволци, мобилизирани и членови на ПМЦ (приватната воена компанија) Вагнер - се херои“ и заслужуваат почит.
Видете и ова: Мрежата на руски Вагнер на БалканотДејствијата кои се сметаат за дискредитација на редовните вооружени сили веќе се казнуваат со затворска казна до пет години, додека свесно ширење „лажни информации“ за нив предвидува максимална казна од 15 години.
Володин, исто така, се залага за промена на кривичниот законик за да им се дозволи на властите да го конфискуваат имотот на Русите кои живеат во странство, кои јавно ја навредуваат Русија или нејзините вооружени сили.
Во петокот, Соединетите Држави објавија нови санкции против оперативците на Вагнер, за кои рекоа дека претставуваат „трансконтинентална закана“ преку шема на „сериозни криминални активности“.