Бугарските пратеници денеска нема да дебатираат за односите со Северна Македонија затоа што министерот за надворешни работи Николај Милков не дојде во Народното собрание поради други обврски. Расправата за Северна Македонија и, како што беше најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин во Охрид, е тргната од дневниот ред на денешната собраниска седница. Потпретседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека поради службено патување на Николај Милков надвор од државата, дебатата мора да биде одложена.
Видете и ова: Македонско-бугарските односи во нова тензична фазаПредлогот за ставање на оваа точка на дневниот ред на денешната седница беше на барање на партијата Преродба и на собраниската комисија за политики за Бугарите во странство. Милков на оваа тема вчера зборуваше и пред колегите во Брисел. Како што пренесоа бугарските медиуми тој побарал солидарност од останатите министри за надворешни работи во врска со притисокот над бугарската заедница во Македонија.