Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е
надминат прагот на алармирање поради загадениот воздух на мерните места во Центар и Лисиче. Ова значи дека на овие две мерни места, изминатите два дена во воздухот имало ПМ 10 честички во значително поголема концентарција од дозволената.
Од Министерството велат дека информацијата ја доставиле и до соодветните инститиции, како и дека на сила стапуваат препораките и мерките за Град Скопје кои се активираат при надминат праг на алармирање.
Видете и ова: Подобро загаден воздух, отколку празен стомак и ладен станВо Тетово пак во изминатите два дена концентрацијата на ПМ 10 честички била под дефинираниот праг од 150 микрограми на кубен метар, поради што овде од денеска прекинуваат да важат мерките за аерозагадувањето, дополнуваат од Министерството.
Меѓу препораките во вакви случаи се ослободување од работа на бремените жени, лица постари од 60 години, и оние кои имаат хронична астма или прележан инфаркт и мозочен удар, без разлика на возраста. Се препорачува и реорганизирање на работното време, како и работа на отворено од 11 до 17 часот, да не се организираат спортски и културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на здравствените служби.
Инспекторите пак се задолжуваат за почести контроли во индустриските објекти.
Видете и ова: Укинати мерките што беа воведени поради аерозагадувањетоПред само два дена, во Град Скопје поради намалено аерозагадување, престанаа да важат мерките и препораките кои повторно се вратени денеска.