Нови барикади на северот во Косово по апсењето на поранешен српски полицаец

Протест и барикаде на северот на Косово во Звечани

На северот на Косово во близина на Звечани, каде што мнозинството од населението што живее таму е српското население, денеска попладне поставија барикади. Според информациите на репортерот на Радио Слободна Европа, причина е апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Патот е блокиран од Звечани кон Рудар е блокиран со четири камиони.

Голем број граѓани се собрале на влезот и излезот од Лепосавиќ, во Сочаница, Лешко, а неколку стотици граѓани се собрале и во Рудар кај Звечан, како и во Србовац. Во Рудар покрај крстот се собрани голем број мажи и жени. Пристигнаа околу 8 амбулантни возила кои ги вклучија сирените. Меѓу присутните има и маскирани мажи.

Работниците на институциите кои функционираат во српскиот систем (образование и здравство) добија порака да дојдат во Рударе, јави дописникот на РСЕ.

Видете и ова: Кој одлучува за враќањето на српските сили на Косово - КФОР или Белград?

Според известувачите од теренот, од момент во момент се зголемува бројот на насобраните, а во Северна Митровица и Звечан се огласиле и сирените за тревога.

На почетокот на ноември, припадниците на српската заедница ги напуштија косовските институции, вклучително и полицијата и судството, за да го изразат своето незадоволство од одлуката на Владата на Косово во врска со пререгистрацијата на возилата со косовски регистарски таблички. Спроведувањето на одлуката беше прекинато, но бојкотот на институциите продолжи.

Србите на северот последен пат поставија барикади на 31 јули, и поради одлуката за пререгистрација на возилата, но и поради реципрочните мерки кои потоа беа воведени во Србија во однос на личните документи. Во меѓувреме беше постигнат договор за документ

Денеска е најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во 19 часот ќе им се обрати на граѓаните во врска со последните инциденти на северот на Косово.