Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Николас Абот, изјави дека е разочарувачки што Косово и Србија не постигнале договор за регистарските таблички и додаде дека моменталната ситуација претставува ризик за безбедноста и животот на обичните луѓе.
„Сите страни треба да избегнуваат дејствија кои би можеле да ги ескалираат тензиите или да претставуваат закана за безбедноста. Непосредна потреба е да се постигне напредок во договорот за нормализација што би го направил спорот за прашања како што се регистарските таблички непотребен“, напиша Абот на неговиот налог на Фејсбук.
Видете и ова: Нема договор за кризата со регистарските таблички на КосовоНа повеќечасовниот состанок денеска во Брисел не беше постигнат договор за кризата со регистарските таблички на Косово.
По средбата, ЕУ побара од Косово веднаш да се откаже од казнување, а Србија да го прекине издавањето на регистарските таблички.
Итните средби беа одржани во рамки на дијалогот Косово-Србија на барање на Европската унија (ЕУ) поради кризата предизвикана од регистарските таблички на Косово. Борел одвоено првин се сретна со Курти, па со Вучиќ, по што има заедничка средба.
По сребата, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека на денешните разговори на договор не се согласил косовскиот премиер Албин Курти, а дека ЕУ сега јасно бара од Косово да се откаже од казните, додека Србија повеќе да не издава регистарски таблички.
„По повеќечасовни разговори, двете страни денеска не се договорија за решение. Мислам дека има сериозна одговорност за неуспехот и за каква било ескалација во наредните денови. Претседателот Вучиќ прифати, но премиерот Курти не“, рече Борел.
Тој побара од двете партии веднаш да ги исполнат двете барања на Брисел.
Српскиот претседдате Александар Вучиќ по средбата изјави дека Србија ќе ги послуша советите на Борел.
„Ќе почекаме и ќе видиме што ќе направи другата страна. На сите им е јасно кој сакаше договор, зачувување на мирот и стабилноста, а кој не. Инсистиравме дека потпишаните договори мора да се почитуваат“, рече Вучиќ.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека барањето на ЕУ Косово да не започне со наплата на казните и Србија да не издава нови регистарски таблички е неприфатливо, ако тоа не е придружено со „договор за итно да се заложиме за конечен договор за нормализација на односите“.