Оштетено е стаклото од излогот и дел од светлечката реклама на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид, соопшти охридската полиција. Оштетувањето било пријавено во полиција ноќеска во 2 часот и 5 минути.
Полицијата работи на расчистување на настанот, информира за МИА портпаролот на полицијата во Охрид, Стефан Димоски.
Оштетувањето, според првичните информации било направено со камен.
Пред повеќе од еден месец, односно само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението. Кривичното дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција.
Видете и ова: Врабевски - Ако мора, бугарските здруженија ќе ги сменат имињатаОтворањето на клубот во Охрид и претходно на културниот центар Иван Михајлов Битола, кои носат имиња на контроверзни личности, наиде на реакции, протести и незадоволство кај македонската јавност и кај политичарите.
Собранието на 2 ноември годинава изгласа измени на Законот за здруженија и фондации со кои здруженијата имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар.