Унгарскиот министер за надворешни работи во Русија на енергетски форум

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто на 21 ноември отпатува за Русија за да учествува на меѓународниот форум за нуклеарна енергија. Унгарија е членка на ЕУ, но одржува блиски врски со Москва во време на војната во Украина.

Шефот на унгарската дипломатија одржал говор на отворањето на пленарната сесија на дводневниот меѓународен форум ATOMEXPO во туристичкиот град Сочи на Црното Море, според веб-страницата на настанот.

Во објава на Фејсбук, Сијарто рече дека за време на неговото учество на форумот, тој ќе со шефот на руската државна компанија за атомска енергија, Росатом, за планираното проширување на единствената унгарска нуклеарна централа поддржана од Русија.

Видете и ова: Нов светски поредок и најголемите закани за Западот и демократијата

„Глобалната енергетска криза значи дека е од невидено значење за една земја да може да ја произведе потребната енергија. Нуклеарната централа Пакс игра клучна улога во нашата енергетска безбедност“, напиша Сијарто.

Посетата на Москва е последниот знак за континуираните дипломатски и трговски врски на Унгарија со Русија. Сијарто последен пат беше во Русија во октомври на преговори за природен гас со руската државна енергетска компанија Газпром.