Живот без филтер: Лоба за токсичноста на социјалните мрежи
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Пејачката Викторија Лоба вели дека понекогаш и таа знае да направи фотка или видео со филтер, но само заради забава. Кога нема професионални обврски нема проблем да излезе од дома без шминка или да објави фотка во природно издание. Има проблем со менување на личниот опис со премногу „ретуширање“ на фотографиите бидејќи вели дека сака да ја слави природната убавина и да личи на себе. Сака и да ги мотивира девојките да веруваат дека се убави и без филтри и корекции на фотографиите.