Господине Мицевски, претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрли иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот со Бугарија. Кои се следните чекори?
Видовте изминатите денови кои се реакциите и како реагираше експертската јавност и граѓаните по отфрлањето на оваа иницијатива. Апсолутно неисправна и неуставна одлука на господинот Талат Џафери, затоа што ја презеде обврската и на Уставниот суд и на Пленумот во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ размислува за многу чекори, а видовте дека и да поднесеме во моментот нова иницијатива, начинот на кој функционира Собранието, откако претседател е Талат Џафери, е таков каков што е, истата повторно ќе биде отфрлена и ние во наредниот период размислува за сè она, единствено жалам што граѓаните немаа можност како највисока форма на изразување во државата да го кажат својот глас по однос на овој референдум.
Која е целта да организирате референдум кога е познато дека ако една од големите партии бојкотира, мали се шансите тој да биде успешен?
Значи ние во државата ако се водиме од тоа дали нешто ќе успее или не, а не ги следиме правилата, тогаш ни е промашена целата работа. Еве јас ќе поставам конта прашање - Зошто власта се исплаши од народот и не дозволи да се организира референдум којшто има теоретски можности? И не само теоретски, затоа што и една од големите партии, партиите од власта се исплашија затоа што ова прашање кое сакавме да го третираме и проблематиката врз основа на овој договор којшто го имаме задира малку поголеми суштински и национални прашања. Вие сведоци сте дека поголеми критичари на договорот, и потезите што ги прави власта во однос на процесите со Бугарија, доаѓаат од членови, симпатизери, па и поддржувачи на Социјал - демократскиот сојуз. Ете тука лежи зајакот и тука се исплашија луѓето од владејачкото мнозинство да организираат референдум, затоа што, јас би рекол зошто па да не излезат 900 илјади граѓани и да го кажат својот став.
Зошто не собиравте потписи за референдум пред пет години, пред да биде ратификуван Договорот со Бугарија?
Затоа што во 2017 пред да биде потпишан Договорот со Бугарија или во 2018 кога се ратификуваше, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше осум притворени пратеници и во тој момент власта се пресметуваше со ВМРО-ДПМНЕ. Не се многу далеку сеќавањата и она што се случуваше во државата, а тоа е дека имаше огромна хајка против пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Се сеќавате дека тука се одземаа мандати и имунитет на пратеници. Така што сега да се навраќаме што се случуваше пред пет години, сведоци се и граѓаните во нашата држава и политичките чинители, па и вие, каква беше состојбата на политичко и на секакво ниво во нашата држава.
Зошто сте против внесувањето на Бугарите во Уставот?
Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас. Нека се решат сите спорни прашања по однос на тоа. Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот. Меѓутоа ние не завршуваме тука со проблемите, еве со отворање на Уставот и внесување на Бугарите, ние имаме одредена преговарачка рамка, каде што билатерален проблем, којшто се појави годиниве од потпишувањето на тој фамозен Договор со Бугарија за добрососедство и соработка се јавува како проблем.
Во 2007-2008 година Бугарија влегува во Европската унија. При влезот потпишува документ дека нема нерешени прашања со соседите, од каде сега излегуваат овие прашања, проблеми или комисии кои решаваат одредени прашања кои нас не тангираат, како тоа до 90-тите години немаше проблеми со Бугарија, по однос на одредени прашања, а сега гледаме комисија меѓу двете држави решава одредени прашања. Се решаваше средниот век, сега се оди на решавање на друг период, па ќе дојдеме до Илинденското востание, тука се проблемите коишто произлегуваат. Никој не може да ме убеди дека ова се последни пречки што доаѓаат од страна на нашиот сосед, за жал.
Видете и ова: Уставни измени се потребни, но со реална анализа и без притисоциСо промената на името на граѓаните им се случи една огромна и тешко прифатена работа, меѓутоа очекувајќи дека тоа ќе биде последната пречка за влез во НАТО и ЕУ, многу од граѓаните, како да кажам, иако тешко ги прифатија овие работи гледајќи во иднината потајно очекуваа дека тука завршуваат сите проблеми. За жал, на нас повторно ни се наметуваат проблеми и повторно истите или слични луѓе од Европа доаѓаат и не убедуваат дека решавајќи го овој проблем, ќе биде последен. Не. Кога директно разговараме со луѓето и кога бараме од нив потврда дека навистина нема да има проблем никој не сака да застане и да даде гаранција. Кои се гаранциите за Република Македонија, дека при отворањето на кое било поглавје некој од соседите или членовите на Европската унија нема повторно да оспори или да стави вето на одредено поглавје или продолжување на преговорите со Европската унија.
Целото интервју со пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски може да го погледнете во видео снимката на почетокот на овој текст.