Државна финансиска поддршка за 280 компании кои ќе отворат 3.700 работни места

Илустрација - Работници во металната индустрија

Владата на денешната 66-та седница донеla одлука за давање на согласност за договорите за финансиска поддршка на инвестиции на компаниите за 2022 година. Договори за државна помош според Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе бидат потпишани со 280 компании кои ги исполнуваат условите предвидени според Законот.

Видете и ова: Дали недостигот од работници ќе се решава со „увоз“ на странци


"Оваа година ќе се потпишат нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Додека пак само во 2021 година овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места“, се наведува во владиното соопштение.

Преку овој Закон, според Владата, во изминатите 5 години се склучени вкупно 633 договори за финансиска поддршка.