Yess for less: „Зелена идеја“ за планета зрела за промени

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Кате и Сара на заедничкиот инста профил, Yess for less, се борат за иста цел - да ги мотивираат следачите да живеат поеколошки, со помош на нивните совети и искуства. Сакаат да ја прошират мисијата со онлајн платформа базирана на еко-заедница, за што добија и награда во рамки на проектот RISE, имплементиран од здружението за социјални иновации, АРНО. Со финансиската поддршка ќе ја развиваат идејата за социјален еко-бизнис, надевајќи се на промени, локално и глобално.