Основниот суд во Битола, кој е со проширена надлежност и ги решава предметите и од општините Новаци, Могила и Демир Хисар, се соочува со недостиг на судии. Годишно решава околу 22 илјади судски премети, а работи со 17 судии, од кои едниот е претседател. За поголема ефикасност во работењето неопходно е да примат барем уште пет судии.
Претседателот на судот Миле Димовски вели по систематизација треба да работат со 25 судии на сите материи.
„Но, во моментот функционираме со 17 судии што значи непополнети се осум места. Ние согласно бројките, податоците и искуствата со годините наназад во рамки на можностите, како суд со проширена надлежност, би требало да добиеме од Академијата, преку редовна постапка за избор, барем три до пет судии за да го покриеме комплетно подрачјето кое го покриваме“, вели Димовски.
Видете и ова: Црвенковска: Неопходни се 630 судии за предметите побрзо и поефикасно да се решатНадминувањето на кадровскиот недостиг на судии е особено важен годинава кога порасна бројот на прекршочни предмети. Со моменталната ситуација на судија од прекршочниот оддел за решавање му доаѓаат по над 3200 предмети на годишно ниво, а може и повеќе.
„Со овој број на судии ние сме на границата за решавање на новопримените премети, а годинава енормно се покачи бројот на прекршочни предмети. Имаме 5500 прекршочни премети за работа, зборувам за ефективни прекршочни предмети и разни прекршочни околу 1050, а во моментот располагаме само со двајца прекршочни судии“, додава претседателот Димовски.
Излез од состојбата бараат со тоа што дел од предметите ќе бидат распределни на судиите од другите оддели.
„Граѓанскиот оддел, без оглед на принципот на специјализација на судството, на седница на Совет на судиите беше договорени и прифатено, граѓанските судии да помогнат во кривичниот и прекршочниот оддел на начин што ќе се вклучат во распределбата и ќе решаваат и прекршочни премети, од фактот што судии се судии“, додаде Димовски.
Инаку во судот работат околу стотина лица, од кои судии само 17 .