Достапни линкови

„Прочистувањето“ во судството може да влијае врз постапувањето на судиите


Натали Петровска - Коалиција „Сите за правично судење“
Натали Петровска - Коалиција „Сите за правично судење“

Засиленото делување на Судскиот совет со разрешување на судии во изминатиов период може да донесе опасност од преклопување со политичкиот контекст, односно изборите кои не очекуваат, но може и да делува и врз судското расудување, вели Натали Петровска од коалицијата „сите за правично судење“, која е дел од блупринт групата за реформи во правосудството. Таа препорачува да се внимава на балансот меѓу одговорноста што се бара од судиите и нивната независност во постапувањето.

Во изминатиов период беа разрешени 16 судии. Дали е тоа доволно за, како што тврди власта, „процесот на прочистување“ на судството ?

Директен линк

Прашањето е многу комплексно и не би можела да одговорам дали е доволно и во која мера би било ко е воопшто доволно. Морам да потенцирам дека засилените проверки и разрешување во изминатиов период делуваат како навистина засилено активирање на Судскиот совет и негова работа во полн капацитет а од друга страна ја носат во себе и опасноста со преклопување со моменталниот политички контекст, односно изборните процеси кои што не очекуваат. Па може да остават и многу погрешен впечаток. Неопходно е да се има в предвид дека единствена функција на реформските процеси кои што беа најавувани особено овие нај круцијалните во делот на правосудството. Нивната функција е подобрување на состојбите и нивно унапредување, поради што истите треба и со внимание да се имплементираат, да не се остави впечаток дека не се води доволно сметка за балансот кој што треба да биде обезбеден меѓу одговорноста што ја бараме од судиите а од друга страна да се штити и обезбеди нивната независност во нивното постапување.

Во тој контекст дали вака засилените проверки и разрешувања влијаат врз судиите во насока на нивно слободно судиско одлучување?

Не се исклучува можноста судиите да верувам дека можеби провејува такво расположение да се навистина и загрижени во рамки на овие дополнителни проверки кои што се прават. А секако дека тоа во некоја мера би се рефлектирало во нивното одлучување и постапување во иднина.

Во едно интервју посочивте дека 28 предмети кои биле во рацете на сега веќе разрешениот судија Горан Бошевски почнуваат отпочеток. Тој е разрешен поради несовесно работење, без при тоа да бидат споделени детали во јавноста за што точно станува збор и кои биле неговите грешки. Дали тоа отвара сомнеж за како се сработени другите предмети и дали е потребно да се преиспитаат неговите одлуки по другите предмети?

Не сум сигурна, но мислам дека станува збор за постапување на судијата во еден од предметите на СЈО каде што застаре едно од делата за Никола Груевски. Оттука мислам дека не би било коректно дека можеби целото негово постапување би било доведено во прашање, дали е тоа соодветно професионално, етички и така натаму. Очигледно е утврдено дека во некој конкретен случај судијата не постапил како што треба па врз основа на тоа советот одлучил да го санкционира.

Која оцена ја давате на македонското судство, сметано од 1 до 5, во овој временски период и оваа политичка состојба?

Многу е неблагодарно да се вреднува со бројки позицијата и состојбите во правосудството. Она што беа големите очекувања на сите граѓани во однос на борбата против корупција и на организиран криминал, а со тоа и финализирање на голем дел од предметите на СЈО како што сме и сите сведоци денеска, гледаме дека се одвива многу бавно. Предметите во голем дел се повторуваат и траат многу долго, предметите во голем дел се повторуваат и траат премногу долго. Наспроти сите оние предмети во кои се засегнати сите обичните граѓани за кои што постапките завршуваат за исклучително брзо време, со исклучителна динамика со завршување на предметите. Така што не би можела со сигурност да констатирам и дефинирам ефикасноста на правдата во судските постапки кај нас.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG