Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) до 9:30 часот денеска, на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 27 градоначалници, од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност, а се уште не се целосно обработени гласовите за 15 општини и Градот Скопје, покажуваат резултатите на ДИК.
Во Берово победник е кандидатот на СДСМ и коалицијата Звонко Пекевски со освоени 51,25 отсто од гласовите. Во Богданци победи кандидатот на СДСМ Блаже Шапов со освоени 50,70 отсто од гласовите. Во Босилово победник е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 58,33 отсто од гласовите, а во Бутел победник е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 52,79 отсто од гласовите. Во Валандово победи кандидатот на СДСМ со освоени 57,73 отсто од гласовите. Во Виница победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Петков со освоени 54,74 отсто од гласовите. Во Градско победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Киро Нацков со освоени 55,66 отсто од гласовите.
Во Делчево победи кандидатот на СДСМ Горан Трајковски со освоени 51,14 отсто од гласовите.
Во Дојран победи кандидатот на СДСМ Анго Ангов со освоени 53,21 отсто од гласовите, во Зрновци кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев со освоени 54,54 отсто од гласовите,а во Илинден победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Георгиевски со 53,4 отсто од гласовите. Во Јегуновце победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Костадиноски со освоени 50,4 отсто од гласовите. Во Кавадарци победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 72,35 отсто од гласовите. Во Карбинци победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Виктор Паунов со освоени 59,4 отсто од гласовите. Во Крива Паланка победи кандидатот на СДСМ Сашко Митовски со освоени 54,75 отсто од гласовите. Во Кривогаштани победи кандидатот на СДСМ Николче Мискоски со освоени 50,83 отсто од гласовите. Во Крушево победи кандидатот на СДСМ Томе Христоски со освоени 52,7 отсто од гласовите, а во Липково кандидатот на ДУИ Еркан Арифи со 72,59 отсто од гласовите.
Видете и ова: „Ајде да видиме кој погласно ќе вика дека победува“ - вие коментирате!Победник во Могила е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Драганчо Саботковски со освоени 57,28 отсто од гласовите, во Неготино кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Стојанов, како и во Новаци - кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стевче Стевановски. Во Петровец победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Борче Митевски, во Пласница кандидатот на ДУИ Алија Јаоски, во Сарај кандидатот на ДУИ Блерим Беџети, во Свети Николе победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Владев, како и во Сопиште, каде победи Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Струмица победи кандидатот на СДСМ Костадин Костадинов со освоени 53,7 отсто од гласовите. Во Центар Жупа победи кандидатот на ДПТМ Аријан Ибраим со освоени 71, 16 отсто од гласовите, но таму излезеноста е под дозволениот цензус.