Достапни линкови

„Ајде да видиме кој погласно ќе вика дека победува“ - вие коментирате!


Македонија локални избори 2021
Македонија локални избори 2021

„Абе сите победија и нека се фатат за оро и нека заиграат заедно“, се вели во еден од вашите коментари на нашите социјални мрежи на информациите за локалните избори 2021.

РСЕ од час во час, во живо, ги следеше локалните избори со директни извештаи за текот на гласањето на вчерашните локални избори, со снимки од прес конференциите на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатите за градоначалници и членови на општинските Совети.

ДУИ прогласи победа на изборите... Зелен хуман град најави кривични пријави... Левица обвини за саботажи... Пред ВМРО-ДПМНЕ прослава.

ВМРО-ДПМНЕ слави, СДСМ очекува победа во втор круг
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Ова се само некои од насловите за извештаите. „Мицкоски прогласи победа на изборите, 20 градоначалници уште во првиот круг“ е насловот на една од нашите информации од прес конференцијата на Христијан Мицкоски, а во вашите коментари голем број честитки на задоволните членови и симпатизери на опозициската партија.

Дима Јорданова постирала: „Една е Македонија, една е ВМРО-ДПМНЕ, ќе победиме...“ Пепи Тошевски задоволен од зборовите на Мицкоски: „Браво за кажаното, Македонија...“ Ѓоко Гарски Егуменовски на постот го наредил државното знаме и напишал: „Ајде Македонијо“, но Дончо Радевски се чуди: „Двете партии победиле, како е можно а резултатите уште не се познати?“ Редовниот Зулко Зуко Зекири реален: „Балканска работа, сите слават, а ДИК молчи“. Потпишан со Среќа е да си Македонец и Дејан Секуловски развиле дебата. Вториов го коментира Мицкоски: „Утре на работа... лапсус изгледа. На крадење мислеше. Простете му“, а првиот му одговара: „Дејан, ова не е СДСМ, си се збунил“. Дејан Секуловски му одговара со подолг текст: „Извини, Љубчо од што живее 15 години? Никола од чиви пари без запослување живее во држава на ЕУ? Коце од што купи куќа на кеј на Вардар од 400м2. Ивица што работи и колку недвижности има. Да не се лажеме, не сме малоумни. И за твоја жал не сум СДСМ“.

По информацијата за пресот на генсекот на владејачката партија, Љупчо Николовски, кога кажа дека опозициската партија конструира лажна еуфорија и потсети: „Кочи Мицко, има втор круг“, бран лични навреди и напади, непримерен јазик.

Еве некои од попристојните коментари: Сани Санче вели: „Денеска ве стигна вториот бран што е поголем, тоа се граѓаните кои се освестија више сиктер да ве нема готови сте“. Донче Василев: „...паднавте како круши, сѐ ви е залудно, и на параментарни ќе паднете. Со лаги се служите. Народ дава народ зима...“ Лисичани Едо со спротивно мислење: „ВМРО нема да дојде на власт ова е само сламка на Мицкоски да остане ВМРО за уште еден пораз“. Каролина Јованова коментира: „Заслужен пораз со вашата ароганција, препотентност и самобендисаност“, а Асаи Селми препорачува: „Абе сите победија, нека се фатат и СДСМ и ВМРО па тоа е Македонија, нека заиграат заедно“.


И лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференцијата му порача на Мицкоски да кочи, а коментарите се пак со лични навреди и закани со затвор, препораки за таблети за смирување, а потпишан со Азем Битола напишал: „Се чудам само зошто народо ве гласаше, та сдс та вмро еден калибар сте“. И редовната Анна Јакимова постирала, веројатно поттикната од многубројните различни коментари на нашата ФБ страница: „Аман не е меѓупартиски натпревар туку слика на големо незадоволство и од едните и од другите“

А кога „Заврши гласањето, почнува броењето“, како што беше насловена нашата информација, Блажо Хогар Страшниот коментирал: „Ајде да видиме кој погласно ќе вика дека победува“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG