Републиканците во американскиот Сенат спречија формирање двопартиска комисија во петокот, која ќе го испита нападот врз Капитол од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп, и покрај бројните критики за намалување на обемот на насилството, пренесува Ројтерс.
Демократите и неколку умерени републиканци повикаа на комисија за истражување на настаните пред 6 јануари, кога стотици приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот - со мотото „стоп за кражбата“ - каде се судрија со полицијата, повикувајќи на насилство кон конгресмените. Во насилството беа убиени пет лица, меѓу кои и еден полицаец во Капитол.
За формирање на комисијата гласаа 54 сенатори, додека 35 гласаа против, што не беше доволно, бидејќи за усвојување на одлуката беше потребна поддршка од 60 члена на ова тело од вкупно 100, јави Ројтерс.
„Од што се плашите - вистината? - праша лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер.
Лидерот на републиканското малцинство, Мич Меконел, тврди дека комисијата ќе ја дуплира работата на другите конгресни комитети, како и обемната федерална кривична истрага што досега резултираше со апсење на повеќе од 440 лица.
Сепак, републиканците исто така се загрижени дека комисијата, по примерот на оној што ги истражуваше нападите на 11 септември 2001 година, ќе се фокусира на насилството и постојаните лажни тврдења на Трамп за изборите во 2020 година и за време на делумните избори за Конгресот во 2022 година, наведува Ројтерс.
Предлогот претходно беше донесен во Претставничкиот дом со поддршка на сите демократи и 35 од 211 републиканец.