Деновиве изјавивте дека е несериозно што државата не успева да назначи амбасадори во најзначајните политички центри, таков е случајот во Вашингтон, во Софија. Зошто и кои земји се во моментов без амбасадори од Македонија?
Јас не би навлегувал зошто, тоа сепак е дел од концепцијата на Владата, преку министерот за надворешни работи, овој е со релативно мал стаж и да речам од друга бранша. Иако бил потпретседател на Владата за европски прашања неговиот вокабулар и сето тоа е поинаков од тоа што би требало да биде еден човек што се бави со надворешна политика, пред се. Но ќе го оставиме тоа на страна. За земјите зборувам. Во зависност од која земја е, дали е ваш политички поддржувач, една од петте големи сили во светот, земја со која имаме добра економска соработка, културна соработка, дијаспора итн., сето тоа се елементи кои кажуваат дека навистина е неразбирливо да немаш во една земја амбасадор повеќе од неколку месеци, а да не зборуваме за една година, две, па и за три.
Видете и ова: Амбасади без амбасадори, неодговорни политички игриВо јавноста излезе информација дека Вашингтон не го прифатил предлогот Љубомир Фрчкоски да биде амбасадор во САД, на што власта реагираше дека станува збор за шпекулација, меѓутоа имаше слични информации дека некои личности не ги минале безбедносните проверки на НАТО. Што зборува ова за една држава?
Што се однесува до шпекулациите, тогаш кога се појавија првите вести дека ќе оди, јас не видов став на Владата и Министерството дека е шпекулација, тоа зборува дека нешто се движело во тој правец. Второ се уште никој не знае, јас не знам, затоа што таму постои некаков затворен круг, конкретно за ова прашање околу поранешниот министер за надворешни работи. Работата е во тоа што не се дава негативен одговор. Негативен одговор може да се даде во четири очи, меѓу одредени највисоките функционери на двете земји, инаку по правило што не е пишано во Виенската конвенција за дипломатски односи имате испраќање на барање, на агреман и одговор. Одговорот секогаш треба да биде позитивен, ако нема одговор 30 дена или ако има на 29-от или 30-от ден може државата инсистира и поминало и месец и пол. Тоа значи државата инсистира, другата држава не одговара или нема да одговори, тоа значи дека вие инсистирате, а друга држава уште повеќе ви кажува дека таа личност не е правиот човек. А ако би одговори отприлика на 29-от, 30-от ден тоа значи со тешко срце го прифаќаме.
Значи не постои случај одредена држава да не прифати некој дипломат да дојде?
Имено, затоа што во акредитивите што ги потпишува претседателот на државата до неговиот колега претседателот на државата во која ќе биде именуван амбасадор, стојат многу убави, многу искрени зборови дека тој е личност во кој јас имам голема доверба и ве молам можете што сакате со него да разговарате и да ми биде пренесено. Значи сакам да кажам дека до врвот доаѓа таа комуникација преку амбасадорот, преку првата личност во амбасадата.
Видете и ова: Пендаровски: КОВАКС механизмот потфрли, до вакцини тешко се доаѓаГосподине Арсовски, Македонија е меѓу земјите во Европа кои досега добија најмал број на вакцини против ковид-19. Долги години сте во светот на дипломатијата, дали ова, меѓудругото, е неуспех и на македонската дипломатија?
Немам информација колку е македонската дипломатија искористена за оваа ситуација. На мене ми е сосема нејасно, дури ми звучи многу лошо дека едноставно како да не сме барале. А веројатно има направено напори, како е тоа правено, тоа е веќе...
Значи во случајот дипломатијата би требало да прави напори?
Апсолутно, апсолутно. Амбасадорите се тие кои имаат блиску комуникации со министрите за здравство, со премиерите, одите со посебно писмо, со посебно испраќање од премиерот, од претседателот на државата, да се помогне во оваа ситуација, особено во земји каде што се произведуваат вакцините. Веќе знаме дека Кина, Русија и САД се производители, а сега доаѓаме повторно на првото прашање - Кој ќе одеше во Стејт департментот да разговара таму?