Лидерот на косовската левичарско-национална партија Самоопределување Албин Курти рече дека парламентарните избори се референдум со кој на неговата партија и се даде шанса за нов почеток.
„Изборите се референдум за правда и вработување и против корупција и заробување на државата. Тоа е нешто без преседан во повоено Косово“.
Излезноста на косовските избори помала отколку во 2019 година
Курти, кој ја предводеше владата во минатата година, а која по два месеца беше симната во март со иницијатива за недоверба, зборуваше на прес-конференција со Вјоса Османи, вршител на должноста претседател на Косово.
Видете и ова: Курти: парламентарните избори референдум за враќање на власт на Самоопределување„Оваа голема победа е можност да ги започнеме промените што ги сакаме. Не чека многу работа бидејќи земјата е во повеќекратна криза. Патот е долг, ќе имаме многу пречки".
Според прелиминарните резултати, Самоопределување има 48 проценти, далеку пред Демократската партија на Косово со околу 18 проценти, сега владејачката Демократска лига на Косово со 13 проценти и Алијансата за иднината на Косово со околу 7 проценти. Одѕивот на гласачите е 47 проценти.
Прелиминарните резултати не ги вклучуваат гласачките ливчиња што биле испратени по пошта и гласови на лица со посебни потреби. Курти призна дека на Самоопределување, сепак ќе му недостигаат 61 пратеници за да формира мнозинство во парламентот, што значи дека партијата најверојатно ќе мора да ги здружи силите со најмалку една друга партија за управување.
Победата на Самоопределување дополнително ги комплицира напорите за решавање на повеќедеценискиот спор на земјата со соседна Србија.
Самоопределување ја доби поддршката на ветувањата на нејзиниот лидер Албин Курти, кој беше премиер помалку од два месеца во минатата година, за борба против раширената корупција и за ставот дека не треба да има компромис во дијалогот со Србија.
Врховниот суд на Косово: Курти нема право на учество на изборите
Курти кој ги повика гласачите да „гласаат со љубов кон земјата“, рече дека создавањето на преговарачки тим за дијалог со Србија е далеку од списокот на приоритети на шестото или седмото место.
Демократската партија на Косово му ја честиташе победата на Самоопределување, наведувајќи дека нема да влезе во коалиција.
„Имаме големи разлики во нашите политички ориентации и не правиме компромиси со вредностите врз кои беше изградена оваа партија“, рече Енвер Хоџај, кој беше на гласањето како кандидат на партијата за премиер. „На Косово му треба стабилност и ние ветуваме дека ќе бидеме фактор на стабилност како опозициска партија“, додаде тој.
Видете и ова: Самоопределување со најмногу гласови на косовските избориПремиерот Авдулах Хоти рече дека прелиминарните резултати се „целосно различни од она што го очекувавме“ и ја презеде целосната одговорност за поразот на Демократската лига, но тој рече дека изборниот процес е спроведен како што треба, исполнувајќи ги европските стандарди.
„Во име на Демократската лига, ние ќе бидеме бескомпромисни бранители на демократијата и прозападната ориентација, ќе бидеме конструктивна опозиција во интерес на државата Косово“, додаде Хоти.
Изборите беа свикани од вршителот на должноста претседател Вјоса Османи, откако Уставниот суд пресуди дека парламентарното гласање за избор на нова влада во јуни лани беше неуставно.
Судот на 21 декември пресуди дека изборот на премиер Авдулах Хоти од Демократската лига на Косово е незаконски, бидејќи еден пратеник кој гласаше за владата претходно одлежа затворска казна.
Оттогаш, кампањата опфати дисквалификации на Курти и други високи политичари врз основа на истиот закон.
Косово пред избори откако Уставниот суд пресуди дека парламентот гласал незаконски за владата
Претходната коалициска влада предводена од Курти траеше само 51 ден во минатата година пред да биде соборена со гласање за недоверба поради нејзиното справување со пандемијата на коронавирусот.
Во телевизиското обраќање на 12 февруари, Курти рече дека дијалогот со Србија „не е од првите приоритети“. Тој исто така рече дека повеќекратни реформи ќе бидат на агендата на новата влада.
„Планираме да се фокусираме врз зајакнување на нашата држава, а два клучни проблема на граѓаните на Косово се работните места и правдата“, рече Курти во интервјуто за Асошиејтед Прес во минатата недела.
Видете и ова: Изгледите за дијалог со Србија по изборите во КосовоСкоро една четвртина од косовските работници минатата година биле невработени во еден момент, според националната агенција за статистика. Светска банка соопшти дека пандемијата на коронавирус го забави растот на земјата за 4,5 проценти во 2020 година.
Повеќето западни земји ја признаа независноста на Косово, но Србија, поддржана од Русија, не, а разговорите за нормализација се во застој.
Ситуацијата го блокираше Косово да се приклучи на меѓународните организации како што се Обединетите нации и НАТО.
Инаку, на поранешните лидери на Демократската партија на Косово им се суди на меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, каде што се соочуваат со воени злосторства и други обвиненија поврзани со војната.
Околу 1,8 милиони гласачи со право на глас вчера избираа 120 пратеници меѓу повеќе од 1.000 кандидати од 28 политички групи.
Во услови на пандемија на коронавирус, од гласачите се бараше да носат маски и да држат најмалку 2 метри растојание на избирачките места. Околу 100.000 Косовари кои живеат во странство исто така имаа право да гласаат по пошта.