Кој ќе ја добие контролата врз американскиот Сенат?

Конгресот на САД

Претстојните избори во американската држава Џорџија за две места во Сенатот ќе решат кој ќе ја контролира и законодавната агенда на претседателството на Џо Бајден. Гласањето на 5 јануари ги спротивстави двајцата кандидати на републиканците против предизвикувачите од Демократската партија.

Контролата врз Сенатот на САД ќе се одреди со повторно гласање на 5 јануари за две места во Сенатот што ја претставуваат државата Џорџија. Тоа се клучни избори што ќе одредат дали избраниот претседател Џо Бајден ќе ја спроведе неговата агенда во Конгресот и дали неговите ветувања ќе бидат финансирани.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Трка за контрола врз американскиот Сенат

„Ни треба Конгресот за целосно финансирање на дистрибуцијата на вакцини на сите страни на земјата, за сите“, изјави Бајден.

Ненси Пелоси реизбрана за претседателка на Претставничкиот дом на САД

Овие избори се одржуваат затоа што никој од четворицата кандидати не освои повеќе од 50 проценти од гласовите на изборите на 3 ноември.

Видете и ова: Дали е можно Бајден да ги врати луѓето на Обама во надворешната политика?

„Јас се борев за пристап до достапна здравствена заштита. Се борев за гласачко право. Се борев за работниците“, изјави кандидатот на Демократската партија, свештеникот Рафаел Ворнок кој ги стави здравствените услуги и борбата против пандемијата на ковид-19 како клучни во неговата кампања против на актуелната републиканска сенаторка Кели Лофлер.

Таа одговори со напади, обидувајќи се да го претстави Варнок како опасен левичар.

„Мојот противник, радикалниот либерал Рафаел Ворнок, е социјалист“. Среде обвинувањата дека тој ја искористил својата привилегирана позиција за лична корист, актуелниот републиканец Дејвид Пердју ја прескокна дебатата со предизвикувачот на Демократската партија, Џон Ософ.

Група републикански сенатори ќе ја оспоруваат победата на Бајден


„Вашиот сенатор одбива да одговори на прашања и да дебатира со неговиот противник затоа што смета дека не треба да го прави тоа“, рече Ософ. Гласачите од Џорџија не избраа демократ во Сенатот на САД во последните 20 години.

Но, во ноември тие го поддржаа Џо Бајден на претседателските избори со 12.000 гласови.

Претседателот на САД Доналд Трамп, сепак, не го признава поразот. Додека водеше кампања за републиканските кандидати во Џорџија, тој повторно инсистираше, без веродостојни докази, дека изгубил поради раширената измама.

„Тие мамеа и ги местеа нашите претседателски избори. Но, ние сепак ќе ги добиеме. Ние сепак ќе ги добиеме. И тие ќе се обидат и ќе ги лажираат овие избори“.

Видете и ова: Бајден го урна рекордот на Обама по бројот на добиени гласови

Пребројувањето на гласовите потврди дека Бајден ја освои Џорџија. И неоснованите тврдења на Трамп за измама на гласачите постојано се отфрлани од судот но и од врвни републикански функционери како државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер:

„Дезинформациите во врска со изборната администрација треба да бидат осудени и отфрлени. Интегритетот е важен. Вистината е важна“.

Републиканците треба да освојат само едно од местата за да ја задржат контролата врз Сенатот на САД. Но, ако демократите ги освојат двете места и продолжат да бидат поддржувани од двајца независни, ќе дојде до поделба 50-50. Во таков случај избраниот потпретседател Камала Харис ќе биде решавачкиот глас во Сенатот.

Претставничкиот дом го надгласа ветото на Трамп за финансирањето на одбраната

Поранешниот претседател на САД Барак Обама ги повика гласачите во Џорџија да гласаат предвреме.

„Сега сте, уште еднаш, центарот на нашиот граѓански универзум, бидејќи со специјалните избори во Џорџија ќе се утврди на крајот текот на претседателството на Бајден и дали Џо Бајден и Камала Харис ќе можат законски да ги извршат сите преземени обврски“.

Веќе се побарани над 1 милион ливчиња за предвремено гласање. Тие им овозможуваат на луѓето да ги испраќаат своите гласови по пошта пред 5 јануари и да избегнуваат редови на избирачките места во услови на пандемија.

Тоа е прв знак дека излезноста меѓу гласачите во Џорџија може да биде голема.