Американската влада бара од Фејсбук да ги продаде Инстаграм и ВатсАп

Владата на САД и 48 сојузни држави и области поднесоа тужби со кои ќе се обидат, како што се наведува, да му стават крај на монополистичката позиција на Фејсбук. Во тужбите се бара Фејсбук да дозволи конкуренција. Фејсбук ова го оцени како „ревизионизам“.

Федералните регулатори на САД и 48 сојузни држави и области поднесоа две одделни тужби за монопол против Фејсбук.

Двојните тужби, поднесени од Федералната комисија за трговија и коалицијата на јавни обвинители предводени од државата Њујорк, го обвинуваат гигантот на социјалните медиуми за антиконкурентно однесување.

ЕК: Фејсбук, Гугл, Твитер посилно да се борат со лажните вести за Ковид-19


Поточно, во тужбите се бара судот да го принуди Фејсбук да ги продаде Инстаграм и ВатсАп, кои технолошкиот гигант ги купи во 2012, односно 2014 година.

Видете и ова: Славни личности ќе ги замрзнат сметките на Фејсбук и Инстаграм во протест на дезинформациите

Исто така, се бара да му се забрани на Фејсбук да бара од малите компании на својата платформа да не се натпреваруваат со него.

Случаите сигнализираат голем регулаторен потег против гигантот на социјалните мрежи што може да претпостави акција против другите технолошки гиганти. Ова следуваше по тужбата поднесена од владата против „Гугл“ на „Алфабет“ во октомври.

Амазон и Епл исто така се под истрага во Конгресот и од федералните власти за наводно антиконкурентно однесување.

Гугл пред најголема тужба во САД

„Акциите на Фејсбук за зацврстување и одржување на неговиот монопол им ги негираат на потрошувачите придобивките од конкуренцијата“, рече Јан Конер, директор на Бирото за конкуренција, додавајќи:

„Нашата цел е да ја вратиме конкуренцијата за да може да напредува иновацијата и слободната конкуренција“.

Државниот обвинител на државата Њујорк Летиција Џејмс, која ја предводи коалицијата на државни јавни обвинители, ги повтори овие коментари.

Со паметни телефони во борба против ковид-19

„Скоро цела деценија, Фејсбук ја користеше својата доминација и моќ за монопол да ги уништи помалите ривали и да ја уништи конкуренцијата, сето тоа на штета на секојдневните корисници“, рече таа, додавајќи:

„Во меѓувреме, Фејсбук ја потисна конкуренцијата и ја искористи својата доминација на пазарот за „да ги злоупотреби корисниците и да заработи милијарди со претворање на лични податоци во апарат за правање пари“.

Видете и ова: Фејсбук забрани група за организирање про-Трамп протести

Според неа, ниту една компанија не треба да има толку многу неконтролирана моќ над „нашите лични информации и нашите социјални интеракции“.

Таа посочи дека случајот најверојатно ќе зависи од огромните податоци што Фејсбук ги собира од корисниците.

Фејсбук, најголемата светска социјална мрежа со 2,7 милијарди корисници, купи околу 70 компании во изминатите 15 години, вклучувајќи ги Инстаграм и ВатсАп.

Одговарајќи на тужбите за монопол, Фејсбук ги нарече владините активности „ревизионистичка историја“ што ги казнува успешните бизниси и истакна дека Федералната комисија за трговија ги расчисти аквизициите на Инстаграм и ВатсАп пред неколку години.

„Владата сега сака да направи нешто повеќе, испраќајќи вознемирувачко предупредување до американскиот бизнис дека ниту една продажба нема да биде конечна“, изјави генералниот советник на Фејсбук, Џенифер Њустед.