Достапни линкови

Работа од дома, иднина во технолошките гиганти


Трајно работење од дома и по коронавирусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:00 0:00

Трајно работење од дома и по коронавирусот

Работа од дома е дел од новото секојдневие кое го наметна коронавирусот. Според големите технолошки компании оваа практика ќе остане и по надминување на пандемијата.

Меѓу првите кои најавија дека планот е работата од дома да стане редовна практика е „Фејсбук“.

„Мислам дека е јасно дека КОВИД ги промени нашите животи, и тоа го вклучува и начинот на работа. Засега, поголемиот дел од нас, овде во „Фејсбук“, околу 95 проценти и повеќе од компанијата работат од дома. И веќе им кажавме на вработените дека годинава може да одберат дали ќе работат од дома ако можат од дома да работат продуктивно“, изјави Марк Зукерберг, сопственик на „Фејсбук“.

Тој најави дека неговата компанија ќе започне со „агресивно вработување на работници од дома“, со што очекува во следните пет до 10 години половина од компанијата да работи од дома. „Фејсбук“ годинава планира да вработи 10 илјади инженери во Атланта, Далас и Денвер, САД. Истовремено планира да изгради три „хабови“ во овие градови, за да можат оние што работат од дома да се состануваат повремено.

И извршниот директор на „Твитер“, Џек Дорси изјави дека им понудил опција на своите вработени да работат од дома засекогаш. Но, и тој им ја остави можноста да доаѓаат во канцеларии, пред се, затоа што некои работници имаат повеќе стрес работејќи од дома.

Примерите на „Твитер“ и „Фејсбук“ ги следат и други големи технолошки компании, како „Гугл“ и „Епл“. Бенефитите од работа од дома, според големите технолошките компании, се намалени трошоци за кирии, за одржување на работни простории, за вработени...

Меѓутоа, извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела е скептичен за бенефитите од работа од дома. Иако „Мајкрософт“ беше меѓу првите големи компании кои воведоа работа од дома поради коронавирусот, Надела смета дека тоа може да има сериозни последици врз социјалените контакти и ментално здравје за работниците. Според него, воведување на работа од дома може да биде „заменување на една догма со друга“.

XS
SM
MD
LG