Кои се најголемите грижи на луѓето?

Индија

Коронавирусот го преокупира светот и стана опасност број еден, иако има и некои кои не веруваат во тоа. Другите проблеми како да се заборавени и оставени настрана – да се решаваат во некои поздрави времиња. Едно истражување покажа што луѓето сметаа дека е нивна најголема закана пред пандемијата.

Од небезбедна храна и вода и закани за климатските промени, до сајбер ризици и предизвици за менталното здравје. Ова се резултатите, објавени деновиве, од истражувањето за најголемите грижи во светот и како луѓето ги доживуваат. Наодите ќе се користат за зајакнување на заедниците да ги обликуваат нивните одговори на ризиците и да ја подобрат безбедноста преку развој на политики и интервенции.

Истражувањето е направено пред појавата на коронавирусот. Токму затоа е интересно да се погледне што луѓето во светот мислат за тоа кои се нивните најголеми грижи. Би рекле пандемијата само ги остави настрана, но тие демнат и натаму. За да се измери ризикот и нашите ставови кон него, Фондацијата Лојдс Регистри ја спроведе првата светска анкета за ризици, прашувајќи за нивните искуства 150.000 луѓе во 142 земји.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Најголемите грижи и ризици на луѓето во светот


Анкит од Њу Делхи вели:

„Одиме на терен за да работиме, сè може да се случи во секое време. Можеме да се повредиме со нашата опрема“.

Пријанка, исто од Њу Делхи, пак, е исплашена од нездравата вода за пиење во градот:

„Не добиваме чиста вода и ако ја пиеме таа вода големи се шансите да се разболиме од бактерии, да добиеме стомачни инфекции.“
Георгина од Мексико Сити, пак, стахува од порастот на криминалот:

„Пред некој ден зедоа една млада девојка. Дојде такси, таа влезе, носеше училишна униформа. А сега нејзините родители не знаат што ѝ се случило.“

Видете и ова: Глобална закана од климатските промени за здравјето на децата


Светската анкета за ризици ги направи своите анализи според земјите, возраста и економското групирање. Сара Камберс, директор во Фондацијата Лојдс Реџистри вели:

„Она што ни покажаа резултатите од анкетата е дека ризикот е универзално прашање - дека различни земји и региони во светот влијаат различно од различни ризици, но секој се соочува со некаков вид ризик во својот живот.“

Фондацијата Лојдс Регистри се обврза да го повтори своето уникатно истражување на ризик уште три пати во следните осум години. Анализата и основните збирки на податоци ќе бидат отворен извор и бесплатни за употреба од сите. Главниот директор на Фондацијата Лојдс Реџистри Ричард Клег истражувањето го спореди со интересно патување:

„Тоа е навистина интересно патување на кое бевме затоа што ... интелектуално ако се запрашаме тука сме да го направиме светот побезбедно место и ќе одиме на тоа патување. Како и на секое патување навистина помага ако знаете од каде да почнете.“

Тој додава дека досега немало податоци за ризиците и искуствата во реалниот свет што ги имаат обичните луѓе во животот. Според Ендрју Жепа од Галуп, станува збор за тоа да се дојде до причините зошто луѓето ги сметаат некои проблеми поголеми од другите.

„Вие не само што барате од луѓето да одговорат на прашањата, ние исто така се обидуваме да разбереме зошто тие одговараат како што одговорија, со цел да обезбедиме дека тие се закотвени во истите основни концепти. И така ставајќи го тој тип на напорна работа во дизајнирањето на истражувањето однапред, тоа значи дека добивме одлични резултати на крајот“.

Сара Камберс наведува примери за тоа колку биле зачудувачки некои податоци добиени во текот на истражувањето. Истакнувајќи дека многу луѓе ширум светот доживуваат насилства и вознемирување на работното место, таа додава:

„Една од навистина клучните зачудувачки работи од извештајот е дека 19 отсто од работниците ширум светот биле сериозно повредени во одреден момент во текот на нивниот работен век и тоа е апсолутно неверојатна бројка.“

Според неа, овие податоци поттикнуваат дополнителни прашања како на пример, каде на друго место се повредуваат овие луѓе, како се повредуваат - какви се регулативите што ги штитат.

Видете и ова: На топлото време работниците забораваат на маски и дезинфекција


„Навистина, анкетата за 2019 година е прва од ваков вид во смисла дека е прва глобална студија за ризикот и безбедноста - исто така е последна од ваков вид со оглед на тоа што светот неизмерно се промени кон крајот на 2019/2020. Следниот пат кога ќе спроведеме анкета, очекуваме да видиме промена и ќе биде навистина интересно да следиме некои од овие прашања и да видиме како перцепцијата на ризикот се промени во светлината на пандемијата.“

Ендрју Жепа додава дека луѓето се најзагрижени за климатските промени.

„Скоро 70 отсто од светската популација ги препознава климатските промени како сериозна закана за нив и за нивните земји во следните 20 години. Ова покажува дека климатските промени не се само проблем, туку нешто што луѓето признаваат дека е навистина реална закана во нивниот секојдневен живот.“