Лекции од средношколците за наставата

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На самиот крај од летниот распуст, на 18 август, надлежните одлучија новата учебна година да се почне со онлајн настава, освен за учениците од прво до трето одделение. Но, средношколците имаат друго мислење. Тие онлајн на социјалните мрежи, а и офлајн на улица побараа комбинирана настава од септември. Освен најавените протести, Сојузот на средношколци вели дека средношколците ќе бидат офлајн, ако се остане на одлуката за целосно онлајн настава.