Волф – Некој вложил значителни ресурси во овој напад

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Многу е тешко да се каже кој стои зад нападите врз сајтот на ДИК, но очигледно е дека некој во тоа вложил пари, вели Петер Волф, информатички експерт во невладината организација „Институт за демократија и изборна поддршка“ (ИДЕА) со седиште во Стокхолм. Тој посочува дека при DDoS нападите нема ризик од упад во системот или промена на податоците, но влијаат на перцепцијата на граѓаните и ја подриваат довербата на граѓаните во изборниот процес и се нарушува довербата во институциите.