Иако изминува втор мандат под раководство на Теута Арифи, Општина Тетово сè уште нема најдено место каде ќе се носи и складира градежниот шут и сличен инертен отпад. Последиците од непостоењето на таква локација се стотици места, како во градот, така и на Шар Планина, каде се формирани диви депонии поради фрлените градежни материјали.
Видете и ова: Седум години се чека домашно управување со депонијата РусиноДива депонија од градежен шут има дури и на ски-центарот Попова Шапка, инаку надлежност на општината.
Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ вели дека со расчистување на таквите места општината ќе даде придонес во развојот на ски-центарот и во процесот на прогласување на Шара за национален парк.
„Прв проблем е секогаш директно од Општина Тетово што треба да го организира тоа фрлање на шут, таму има доста места каде што може да се планира и фрли тој шутот, градежниот шут. Втор проблем е бидејќи Министерството за животна средина треба да види, да има инспекторати што треба да излегуваат на терен за да види кој како, кои луѓе, да ги казнуваат, може да ги фатат секој ден, може во координација директно со Општина Тетово да го забранат истото. Ако сега оди во заштитна зона или национален парк, тоа е многу штетно и во некоја процена или оцена на влијанието на животната средина. Може ќе има и некое како стопирање на целата процедура кога ќе ги видат тие диви депонии“, потенцира Сулејмани.
Снежана Новаковска од службата за односи со јавност при општина Тетово вели дека сè уште се бара место за оставање на градежниот шут.
Видете и ова: Нема крај на проблемите со складирање на отпадот во Тетово„Како општина се соочуваме на фрлање на градежен шут директно во контејнерите наменети за обичен отпад или фрлање на ваков отпад буквално насекаде во општината. Во време кога сме фокусирани на решавање на проблемот со депонијата паралелно сме во потрага на соодветна локација која треба да ги задоволи строгите стандарди како што се да е далеку од населено место, да не ја загрозува животната средина и да е државно земјиште и за селекција на тој отпад и негово соодветно собирање“, рече Новаковска.
Членот 54 од Законот за управување со отпад вели дека правните и физички лица кои при изведување градежни работи создаваат инертен (градежен) шут се должни самите да го соберат и транспортираат отпадот на локации определени од општините или да ги предадат на овластени правни лица кои транспортираат отпад.
„Додека се реши ова прашање граѓаните може да се ослободат со помош на соодветни приватни фирми, но граѓаните не се решаваат на овој чекор со оглед на тоа дека за ова се потребни соодветни финансиски средства. До решавање на ова прашање секојдневно со багер се чистат локациите низ градот каде граѓаните несовесно го фрлаат градежниот шут“, истакна Новаковска.
Законот за управување со отпад предвидува можност секоја општина да формира и депонија за инеретен отпад.