Пораст на стомачни инфекции од коронавирусот во Иран

Брза помош, Техран

Иран стана едно од првите жаришта на коронавирус надвор од Кина во март кога илјадници Иранци почнаа да покажуваат респираторни симптоми на ковид-19. Сега иранските лекари велат дека гледаат поголем наплив на пациенти со стомачни проблеми, отколку на оние со респираторни.

Всушност, неодамнешните медицински докази од Кина и САД, исто така, сугерираат дека постојат пациенти со стомачни вируси кои не ги прикажуваат класичните респираторни симптоми на болеста.

„Ковид-19 е со симптоми како што се кашлање, останување без здив и висока температура“, вели Мохамад Реза Махбубфар, вирусен епидемиолог кој е во иранскиот тим за справување со коронавирусот, додавајќи:

„Овие симптоми се забележани во првите два месеца по избувнувањето, но сега најважните симптоми на ковид-19 се гастроинтестинални“.

Броење на мртвите: различно прикажување на смртноста од коронавирусот

Според него, кај постарите пациенти и децата, тие симптоми вклучуваат акутна дијареја, грчеви во стомакот, гадење, повраќање и губење на апетит и чувство за мирис.

Тој вели дека овие пациенти честопати имаат мала треска.

Махбубфар додава дека тоа може да влијае врз официјалната статистика за ковид-19 објавена од Министерството за здравство на Иран затоа што сега не вклучува пациенти кои немаат респираторни симптоми.

Иран, доктори во болница во Техеран

Иранскиот северен град Бабол беше местото каде што во март се појавија првите случаи на ковид-19 во земјата.

Сејд Хасан Абеди, гастроентеролог на Факултетот по медицински науки во Бабол, потврдува дека околу една четвртина од сите пациенти со ковид-19 сега имаат само гастроинтестинални симптоми.

Тој прецизира дека дијарејата кај овие пациенти е „акутна“, што се јавува најмалку пет пати на ден и трае до две недели.

Абеди оценува дека ситуацијата е алармантна затоа што оние со гастро симптоми обично бараат лекарска помош и се тестираат подоцна од оние со поизразени респираторни симптоми.

Тој се плаши дека одложената дијагноза накоронавирус кај овие пациенти може да предизвика побрзо ширење на вирусот.

Ковид-19: Кој е најзагрозен и каде е најопасно?

На универзитетот „Шахид Бехшати“ во Техеран, гастроентерологот Сеид Реза Фатими вели дека околу половина од пациентите со ковид-19 покажуваат такви симптоми.

Фатеми додава дека до една третина од нив страдаат од оштетување на црниот дроб и воспаление на панкреасот.

Постојат и други манифестации надвор од белите дробови, како што е детскиот циркулаторен синдром и компликациите на бубрезите.

Техеран, Иран

Случаи на мозочни удари во Иран --- вклучително и кај децата - исто така се припишуваат на коронавирусот.

„Немањето кислород како резултат на ковид-19 може да резултира со тромбоза во артериите и мозочните удари“, вели д-р Махмуд-Реза Ашрафи, професор по медицина на Универзитетот за медицински науки во Техеран.

Глобални докази

Медицинските експерти се свесни за гастро симптомите на ковид-19 од првото појавување во Вухан, Кина, во декември.

Во Соединетите држави, првата потврдена инфекција со коронавирус беше пациент кој два дена пријавувал мачнина, повраќање и дијареја заедно со респираторните симптоми.

Она што станува очигледно е дека ваквите симптоми се почести отколку што се сметаше претходно - најверојатно затоа што пациентите без респираторни симптоми не биле првично тестирани за вирусот.

Ефикасен систем за следење може да спречи втор бран на Ковид-19

Раните студии сугерираат дека помалку од 4% од пациентите со ковид-19 имаат гастроинтестинални симптоми.

Но, најновото истражување става стапка на повеќе од 10 проценти и дури 60% од сите инфекции со коронавирус.

Д-р Мартин Вејси, програмски директор на британското медицинско на Универзитетот во Јорк, вели дека нема сомнение оти коронавирусот може да го нападне цревниот систем, како и белите дробови.

Вухан, Кина

Всушност, неодамнешните набљудувања за гастроинтестинални случаи од страна на ирански експерти се пресликуваат со докази од Кина објавени од реномирани британски медицински списанија како „Лансет“ и „Гут“.

Заклучокот на медицинските експерти е дека и ова е уште еден можен начин на кој луѓето можат да се заразат и да ја пренесат болеста.

Ова откритие ќе предизвика огромни проблеми во јавното здравје во области каде што нема соодветна инфраструктура и канализација.

СЗО повтори дека е можен втор бран на ковид-19

Во Лансет, истражувачите заклучуваат дека е можно ковид-19 да се шири преку загаден измет на ист начин на кој се пренесуваат дизентеријата и детската парализа.

Она што не се знае, сепак, е колку долго коронавирусот преживува во изметот.

Ова прашање медицинските истражувачи дури сега започнаа да го испитуваат.