Рестораните, училиштата и авионите повторно почнуваат да се полнат со луѓе. Но, колку што сите сакаат состојбата да се врати од пред ограничувањата секојдневниот живот сега изгледа различно.
„Новата нормалност“ во ерата на ковид-19
Преглед на физичкото дистанцирање и другите мерки што го обликуваат секојдневниот живот во земјите ширум светот, откако почнаа да се олеснуваат ограничувањата заради ковид-19.

1
Луѓе како вежбаат физичко дистанцирање во бели кругови, за време на пандемијата со „ковид-19“ на 17.05. во Бруклин, Њујорк.

2
Ученици седат зад заштитни бариери како превентивна мерка против ковид-19, во средно училиште во Јужна Кореа на 20.05.2020 година. Стотици илјади јужнокорејски студенти се вратија на училиште на 20 мај, бидејќи образовните институции започнаа со повторно отворање по повеќе од два месеца.

3
Жена носи капа со напис „Ова е капа од еден метар. Ве молам, оддалечете се" ’додека шета пво Париз, Франција, 11 мај 2020 година. Франција започна постепено да ги олеснува мерките за ограничување.

4
Наздравување со пива преку пластична табла инсталирана како мерка за спречување на инфекција со коронавирусот кај Кичири Шинџуку, јапонски стил на паб, познат како „изокаја“, во Токио, Јапонија, 19 мај 2020 година.