Странски служби и летни одмори

МАКЕДОНИЈА - Во кругот на МВР во Скопје и во Полицискиот центар Ѓорче Петров, денеска беше одбележан 7-ми Мај - Денот на македонската полиција.

МАКЕДОНИЈА - Обвинителството да ја прошири истрагата за Рекет и да го осомничи Зоран Заев како организатор на случајот Рекет, побара денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

МАКЕДНИЈА - Обвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски - Боки 13, при денешното изнесување на одбраната, изјави дека поранешниот премиер Зоран Заев го известил дека странски служби ги следеле Боки и Катица Јанева и дека ситуацијата е многу сериозна.

МАКЕДОНИЈА - Лидерот на СДСМ Зоран Заев не негира дека имал средби со Бојан Јовановски, кој е обвинет во случајот Рекет во телевизијата кога гостувал, но како неточни ги оквалификува неговите изјави дека му кажал оти го следат странски служби и него и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

САД - Претседателот Доналд Трамп изјави дека неговата работна група за коронавирус ќе го насочи фокусот кон заживување на американскиот бизнис и социјалниот живот.

РУСИЈА - Рускиот милијардер Дмитриј Босов бил пронајден мртов во неговиот дом во московско предградие. Официјалните лица велат дека се работи за самоубиство. Истражниот комитет синоќа објавил дека Босов (52) починал претходната вечер од прострелна рана во главата. Покрај телото, наводно, бил пронајден пиштол.

СРБИЈА - За нас ЕУ е стратешка цел, но јас нема никому да му се додворувам и да зборувам против Кина и Русија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ

ГРЦИЈА - Грција најави дека планира да ги отвори границите за туристи од 1 јули, а министерството за наутика и островска политика објави план за работа на бродовите во земјата според кој пловните објекти во кои нема кабини, ќе може да пополнат до 50 отсто од капацитетот.

ИРАК - Ирак ја доби новата влада што ќе ја предводи Мустафа ал-Кадими, поранешниот прв човек на разузнавачката служба, пренесе АП.

ПОЛСКА - Лидерот на владејачката полска партија Закон и правда, Јарослав Качински, објави дека е постигнат договор за одложување на претседателските избори и дека допрва треба да се избере нов датум за нивно одржување.