КОВИД - 19 како непријател и во видео игра
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Млад италијанец направи видео игра во која треба да се уништи коронавирусот. Лупо Датури, 9 годишник се инспирираше од кризната состојба и креативно го искористи времето дома. Во играта, играчите се повикуваат на вселенскиот брод Церба-20 за да го победат коронавирусот со ласери. Името Церба-20 е инспирирано од компанијата во која работи таткото на Лупо, каде се бара решение за ограничено ширење на вирусот.