Пауер: ОН треба да имаат клучна улога против ковид -19
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поранешниот американски амбасадор во Обединетите нации Саманта Пауер смета дека Советот за безбедност на ООН треба да игра клучна улога, работејќи со националните влади, во ублажување на најлошите ефекти од кризата со коронавирусот, особено во помалку развиените земји. Во интервју за Радио Слободна Европа таа вели дека неуспехот на координиран глобален одговор би ја засилило катастрофата и сè додека вирусот беснее на кое било место во светот, никој од нас не е безбеден. Пауер беше амбасадор во ОН за време на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.