Достапни линкови

Пари за ништо - може ли тоа да е решение за економската криза?


Романија - работници
Романија - работници

Брзо растечката невработеност и претстојната економска криза го вратија концептот за основни безусловни приходи кој досега многумина го одбиваа. По Шпанија, која ја објави намерата да ја воведе, сега за ова се дискутира и во другите европски земји.

„Додека здравствената криза со ковид-19 секојдневно се развива во светска економска криза што ги турка нашите социјални системи до работ, основните безусловни приходи ... се чини дека се решение за ублажување на социјалниот шок, каде што многу од нашите сограѓани се изложени на ризик да паднат во неизвесност“.

Што преземаат државите за да го избегнат економскиот колапс?

Ова е пораката што ја напишаа шефовите на 19 департмани од Социјалистичката партија на Франција во неделникот “Журнал ду Диманш”.

ЕУ планира 100 милијарди евра за "курцарбајт"
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Тие се повикуваат и на изјавата на претседателот Емануел Макрон, кој рече дека се неопходни решенија за прекинување на сегашниот систем.

Она што е сигурно е дека претстојната криза сериозно ја погодува Франција - веќе четвртина од работниците се без работа, а министерот за финансии Бруно Ле Маиер проценува пад на БДП од 6% оваа година.

Доверба во системот

Воведувањето таканаречен основен безусловен приход за секој граѓанин на возраст над 18 години, според потписниците на писмото, ќе им даде на граѓаните доверба во системот и во државата, со што ќе се обезбеди нивно безбедно живеење и извесен степен на автономија.

САД - илустрација
САД - илустрација

Во Франција, оваа тема не се појавува за прв пат. За последен пат се дискутираше на претседателските избори, кога социјалистичкиот кандидат Беноит Хамон вети дека ќе воведе основен безусловен приход.

Сепак, и нему не му беше многу јасно како може да се користи оваа непроверена алатка и ги смени своите ветувања неколку пати за време на кампањата.

Еврозоната ќе бара брзи механизми за помош на економијата

Француските социјалисти не се единствени што промовираат основни приходи.

Уште на 19 март, 170 пратеници од различни партии побараа британската влада да воведе основни безусловни приходи за време на пандемијата.

Во Германија, дневниот весник Франкфуртер Рундшау го побара тоа во име на вработените и исто така предложи одредена сума – 1.000 евра месечно за половина година.

„Ни треба вистинска дебата за ова“, надополни весникот Тагес Шпигел, осврнувајќи се врз петицијата потпишана од половина милион Германци.

Неколку германски уметници и интелектуалци исто така дискутираа за идејата луѓето да примаат меѓу 800 и 1000 евра месечно.

Стара идеја

За нешто слично како основните безусловни приходи пишувал кон крајот на 18 век филозофот Томас Пеин, а за тоа размислувал и Карл Маркс.

Идејата не е чисто левичарска, како што изгледа, и ја промовираат многу поддржувачи на либералната десница.

Курцарбајт - германски изум кој се шири низ Европа

„Некои сакаат рамномерни услови меѓу луѓето. Ова е повеќе егалитарна, отколку левичарска визија. Станува збор за вистинска слобода, односно да им се дадат на луѓето средства да преживеат за да можат да изберат. Конечно, тука е и погледот од перспектива на братство која се обидува да ги извлече луѓето кои живеат во сиромаштија. Оваа визија ја промовираат и католиците“, вели економистот Марк де Басквиат, шеф на Меѓународната асоцијација за приходи.

Амбивалентност за основните безусловни приходи покажаа и некои држави кои веќе го тестираат овој инструмент.

Утопија или потреба

Експериментите спроведени во различни делови на светот - како Финска, Холандија, Индија или Канада - покажаа дека само две групи на луѓе работеле помалку по неговото воведување.

Првата - мајките кои се враќаа подоцна на работа по породувањето.

Втората - студентите кои, благодарение на гарантираниот приход, учеа подолго и се вработуваа подоцна.

Босна и Херцеговина - илустрација
Босна и Херцеговина - илустрација

Десничарските противници на основните приходи се против поради високите трошоци, како и извесната аморалност, илустрирана како „сурфери на Малибу“ - млади луѓе кои се задоволни со малку, кои го следат своето хоби и не мора да работат.

Битка за спас на светската економија

Критичарите од лево пак, укажуваат на ризикот дека воведувањето основни безусловни приходи ќе ги уништи сегашните социјални држави.

На државата повеќе нема да и треба бирократски апарат што се занимава со социјална политика и според нив би станала послаба во борбата со мултинационалните корпорации.

Кризата со коронавирусот можеби ќе може да одговори на основните прашања за овој приход доколку некоја држава реши да ја воведе оваа алатка, која многумина ја сметаат за утопија.

XS
SM
MD
LG