И кај нас политичари може да се заразат со Ковид 19. Првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од синоќа се во самоизолација откако двајцата имаа интервју со телевизиски новинар позитивен на корона вирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на вонредната прес- конференција во петокот изутрината, вест што ја објавија порталите СДК.МК и Плусинфо. Првиот тест на Мицкоски бил негативен, а за тестот на Заев резултатите ќе бидат објавени во текот на денешниот ден. Новинарот бил во добра состојба и е во Градската општа болница „8 Септември“.
Видете и ова: Пикот на короната се чека со полициски часНова Македонија и сите електронски изданија на печатените медиуми и порталите информираа за пресот на министерот Филипче во четвртокот: „Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење, а најстрогата фаза на рестрикции во која се наоѓаме ќе биде искористена за подготовка на производствените капацитети, рестораните и економските оператори за постепено враќање на вообичаениот начин на работа“.
Слободен печат во наслов го цитира министерот за здравство: „За Велигденските празници ќе важи целосната рестрикција во движењето – исто како за викенд!“
Порталот Курир.мк објави дека и во соседна Грција црквите пред Велигден се затворени за верниците, а „Австралија најави строги казни за напуштање на домовите за Велигден“.
Порталот СДК.МК објави колумна со наслов: „Бронзени респиратори – Да донираме за здравството. Оти Владата ќе ги потроши парите за плати на администрацијата што седи дома и прима плата“. Порталот на неделникот Фокус и Слободен печат ја објавија информацијата на Меѓународниот институт за печат со седиште во Виена дека „Загрозена е слободата не медиумите во Европа во време на здравствената криза – особено во источна и централна Европа. Според Институтот за печат најсериозни закани по слободата на медиумите досега се идентификувани во Унгарија и Русија, како и во Србија, при што пандемијата се користи за заострување на контролата врз информациите“.
Видете и ова: Кафеанџиите најавија отпуштања, на социјалните мрежи се прават листи за бојкотВечер го објавува соопштението од ВМРО-ДПМНЕ: „Македонската економија е клекната на колена, а буџетскиот дефицит сѐ поголем“. Истото соопштение – анализа на опозициската партија, Вечер ја објавува и со друг наслов: „Мицкоски: Дали Заев намерно предизвика криза?!“
Порталот на Фокус објавува друго соопштение на ВМРО-ДПМНЕ со наслов од текстот: „Додека Владата на СДСМ и Филипче се фалат со своите успеси упатувајќи ги граѓаните да се лекуваат дома од опасниот корона вирус, пациентите умираат на пат кон болница“.
И порталот Курир.мк со соопштение од опозициската партија: „Состојбата со корона вирусот ескалира, а власта ја теши јавноста дека ова не е најлошото туку пикот наскоро ќе дојде“.
Неделникот Фокус објавува колумна: „Мицкоски и пајташите билдаат атмосфера на катастрофа и сеат страв меѓу граѓаните, што потсетува на атмосферата пред 27 април, кога ги настрвија симпатизерите да се втурнат во Собранието, зашто ВМРО-ДПМНЕ ни тогаш, ни сега не може да се помири со фактот дека ја загуби власта“.