НАТО - седумдесет години предизвици

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

НАТО, надворешни непријатели и внатрешни спорови

Лидерите на НАТО се собраа денеска во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината од основањето на алијансата. Но, растечките тензии меѓу членовите би можеле да ја засени прославата на годишнината.

Сојузниците во НАТО - Соединетите држави и Турција дојдоа на работ на конфронтација во северна Сирија во минатиот месец, потресувајќи ја алијансата.

Џонатан Ејл од Кралскиот обединет институт вели:

„Позицијата на Турција во Северноатлантскиот сојуз е тешка: одлуката на Турција да се вклучи во воените операции на Блискиот исток против желбите на повеќето нејзини сојузници, вклучувајќи ги и Соединетите држави и одлуката на Турција да купи руска воена опрема“.

Членките на НАТО велат дека е подобро да се има Турција внатре отколку надвор од Алијансата.

Видете и ова: Помпео: депониран протокол на САД за членство на С. Македонија во НАТО

Наместо американските трупи кои некогаш го одржуваа мирот, сега руските сили патролираат во северна Сирија.

Повлекувањето на САД предизвика загриженост во врска со посветеноста на Америка во НАТО.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна ја нарече Алијансата „клинички мртва“ - и ја повика Европа да создаде своја безбедносна архитектура.

Коментарите предизвикаа остра реакција.

Меѓу нив и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг:

„Европското единство не може да го замени трансатлантското единство. И не треба. И мора да разбереме дека, особено по Брегзитот, ЕУ не може да ја одбрани Европа“.

Европа сè уште ја гледа Русија како најголема закана.

Видете и ова: Макрон: НАТО мора да разговара со Русија

Загриженоста околу американската посветеност кон безбедноста на Европа не соодветствува со фактите на терен, тврди Џонатан Ејл:

„Реалноста е дека трошењата на Пентагон се зголемуваат, бројот на американски војници се зголемува“.

Но, на распоредувањето на американските трупи во Европа се гледа поинаку во Москва.

Андреј Кортунов, директор на Рускиот совет за меѓународни работи вели:

„Некои од источноевропските нации се обидуваат да добијат американски чизми на теренот и покрај тоа што член 5 треба да ја покрие нивната безбедност, што сугерира дека тие им веруваат на Соединетите држави повеќе отколку што му веруваат на НАТО“.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано бара од европските членки на НАТО „да го споделат товарот“.

Германија во минатата недела вети дека ќе ја исполни целта на трошоците на НАТО за одбрана од 2% од БДП - но до 30-тите години на овој век.

Се очекуваат повеќе тешки дискусии на самитот во Лондон.

Но, тензиите во НАТО не се ништо ново вели Џонатан Ејл кој додава:

„Ова е, важно е некогаш да се повтори клишето, најуспешната алијанса во модерната историја“.

НАТО се надева дека тоа е и доволна причина.