Достапни линкови

Макрон: НАТО мора да разговара со Русија


Макрон: НАТО треба да ги подобри врските со Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Макрон: НАТО треба да ги подобри врските со Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи да го предводи од него предложениот дијалог меѓу НАТО и Русија. Поставувајќи серија прашања во врска со иднината на НАТО, а во контекст на неговата оценка за тоа дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“, тој го означи тероризмот како главен непријател на Алијансата.

Лидерите на НАТО мора да имаат длабока дискусија за иднината на воениот сојуз, но и за тоа како може да се подобрат врските со Русија.

Ова го изјави францускиот претседател Емануел Макрон по разговорите во Париз со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пред самитот на Алијансата во идната недела во Лондон.

„Прво мора да имаме луциден, стабилен и посебен дијалог со Русија. Јас ја преземам одговорноста да изразам волја за обновување на овој динамичен дијалог. Јас, исто така, ја преземам одговорноста што го сторив тоа без никакви наивности досега“.

Макрон рече дека НАТО треба да се фокусира врз решавање и на низа други прашања, како на пример, како да се одржи мирот во Европа, улогата на Турција во НАТО и кои и се непријателите на Алијансата.

Притоа тој постави серија прашања во врска со НАТО, организација за која тој пред само неколку недели рече дека е во состојба на „мозочна смрт“.

Ова обвинение беше критикувано од другите во рамките на Алијансата.

„НАТО е организација за колективна одбрана. Против што, против кој се брани? Кој е нашиот заеднички непријател? Кои се нашите вообичаени теми? Ове прашања заслужуваат појаснувања“.

Во тој контекст тој потенцира дека главен непријател на Алијансата е тероризмот:

„Понекогаш слушам, Дали Русија е наш непријател? Дали е Кина? Дали е тоа мисија на трансатлантската алијанса да ги назначи како непријатели? Не верувам. Нашиот заеднички непријател во рамките на Алијансата е тероризмот што ја погоди секоја наша земја“.

Столтенберг се обиде да ги смири поделбите и инсистираше на тоа дека НАТО е релевантен како и досега.

„Нема никаква тајна дека постојат несогласувања и разлики меѓу сојузниците на НАТО. Ние сме 29 различни сојузници и секако дека постојат разлики. Но, силата на НАТО е што и порано имавме ист вид на разлики, но секој пат сме биле во можност да ги надминеме“.

Сепак, турските власти по критиките на Макрон за воената операција на Турција во Сирија оценија дека францускиот претседател „спонзорира тероризам“ и оти Турција мора да добие помош од НАТО во таа операција.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG