Вие коментирате - Да се разрешуваат министри на туркменистански начин

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Разрешување на туркменистански начин

На ФБ страницата на РСЕ, читателите коментирале за слоганот на СДСМ, за новиот тим на Мицкоски, за посетата на Помпео, но посетителите се главно воодушевени од видеото на кое туркменистанскиот претседател, пред ТВ камери, разрешува министри, навредувајќи ги.

СДСМ пред некој ден промовираше ребрендиран слоган, „На прав пат“ и црвено-бела боја како свој симбол, наместо досегашната жолто-сина. За Зоран Ефт „Боите не се важни, важни се одлуките и криминал со перење пари“, а Сашко Николовски смета дека „Уште чекан и срп им фали за да ја доловат правата слика за нив“. Остатокот од постот е со непримерни зборови. Томо Руменовски вели дека „се далеку од комунисти, туку се класични капиталисти како и тие другите од дрпмне“. Сашко Николовоски му одговара: „Томо, за капитализам може само да сонуваат. Ние никогаш не излеговме од комуњарско-удбашката структура. Затоа и не нè бидува веќе три децении“. Зоран Ризовски смета дека „СДСМ очајно се бори со сите сили да стане ВМРО“.

По објавата на Мицкоски дека формирал „надпартиски Тим за Македонија“ во кој се спортистот Борко Ристовски, оперскиот пеач Игор Дурловски, лекарот Сашко Кедев...., Јован Милошевски прашува: „А досега што беа тие околу него? Хахах... На кого, бе, лесни финти, алооо...“ Здравко Благовец постирал: „Пази богати, надпартиски луѓе, лажи ги твоите, тие се дпмнеовци со гаранција“, а Александар Божиновски препорачува: „Ооо, давеници... оставете ги спортистите да си бидат најдобри таму каде што припаѓаат, пак ли ќе мешате политика со спорт, култура, образование....?“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Помпео - Борбата со корупцијата клучна за членството во НАТО и ЕУ

Настан на изминатата недела беше посетата на американскиот државен секретар на земјава, Марк Помпео, инаку прва посета на шеф на американската дипломатија по кризната 2001 година, кога во Македонија престојуваше Колин Пауел. Помпео допатува во Охрид за да даде поддршка на македонското членство во НАТО, како што изјави, но за Венера Македонска се чини други се причините: „Значи Зајко пак ќе добие влада и да има 30 пратеници...“ Остатокот од коментарот е со непримерен јазик. Сашо Анески смета дека „не мораше да иди, кај нас нема нафта, и што помалку се интересира УСА за некоја држава, толку подобро за неа“. Зоре Тасески постирал: „Влето Трамп можи да ни дојди в Охрид“. А Александар Јованоски посетата ја поврзува со ЕУ: „Да ѝ каже на Европа за да си знаат од 15-19, поканата им ја куца сега, за да ја потпишат“. Владимир Тартиќ реагира на негативните коментари што преовладуваат, па напишал: „Опрајте се со коментариве, ботови“, а за Аметовски Фитни „Ова е историски ден за Македонија“.

Огромен број коментари привлекло видеото на кое туркменистанскиот претседател, пред ТВ камери, разрешува министри навредувајќи ги и велејќи им: „Бегај! Губи се!“ Посетителите на нашата ФБ страница главно се одушевени од тоа па посакуваат и кај нас така да се разрешувале министри кои не си ја вршеле добро работата. „Браво за Туркменистан! Секоја чест за нивниот претседател!“ – постирал покрај другото Светислав Стојановски, а Александар Мицевски напишал: „Е ова е државно уредување, а не ЕУ и НАТО и нивните лажни расипани вредности“. Но, Тони Велјанов кратко: „Монти Пајтон“, а Андреа Таневски уште пократко: „Ужас!“